Научниците занемеле кога виделе што има во вселенската капсула (ВИДЕО) - Канал 5

Научниците занемеле кога виделе што има во вселенската капсула (ВИДЕО)

Примероци од црна песочна прашина собрани од јапонското вселенско летало Хајабаса 2 на астероидот 162173 Рјугу, од околу 300 милиони километри од Земјата, ги надмина очекувањата на јапонските научници.

Научниците занемеле кога виделе што има во вселенската капсула (ВИДЕО)

Примероците од почва собрани од астероидот се кулминација на шестгодишната вселенска одисеја од вселенското летало „Хајабуса 2“, кое што пристигна во Јапонија минатата недела, но истражувачите сè уште не можеле со сигурност да потврдат дали има нешто во капсулата до почетокот на оваа недела.

„Нашата цел беше да собереме 100 мг или повеќе примероци од почвата од астероидот и дефинитивно успеавме во тоа“, рече Хиротака Савада од Јапонската вселенска агенција (JAXA), додавајќи дека кога првпат ги видел примероците од прашина, тој едноставно останал занемен од возбуда.

„Мислам дека на почетокот останав без зборови, а потоа почнав да врескам, не се ни сеќавам повеќе“, рече тој на прес-конференција. „Беше навистина поразлично отколку што се очекуваше, всушност количеството беше доста големо“.

ЈАКСА објави и фотографија од мала количина црна прашина во метална кутија, што е доказ и прв увид во резултатите од невидена шестгодишна вселенска мисија.

Скапоцената прашина е пронајдена во надворешната обвивка на капсулата, соопштија агенциите, а поголемите примероци треба да се забележат веднаш штом ќе ја отворат внатрешноста на резервоарот, што е деликатна работа.

Научниците веруваат дека примероците може да содржат органска материја. Тие се надеваат дека овие примероци на земја од астероидот ќе им дадат подобар увид во хемискиот состав на вселенските тела какви што биле пред околу 4,5 милијарди години, додека Сончевиот систем бил сè уште во повој.

"Апсолутно сме воодушевени. Има многу што можеме да научиме од овие примероци", рече Сеи-ичиро Ватанабе, професор на Универзитетот Нагоја и шеф на истражувачкиот тим.

Половина од примероците од Хајабуса 2 ќе ги споделат научници од ЈАКСА, американската вселенска агенција НАСА и други меѓународни организации, а останатите ќе бидат чувани за идно истражување, со оглед на брзиот напредок на аналитичката технологија.

Научниците се горди што истакнуваат дека работата на сондата сè уште не е завршена затоа што ќе ја вратат назад на нова, подолга мисија насочена кон два нови астероиди. Сондата собира примероци на почва од астероидот без физички да слета на неа.

Вселенското летало „Хајабуса 2“ е првото во историјата што донела примероци од почва од далечниот астероид. Лансирано е во декември 2014 година. Во јуни 2018 година ја достигна целта, астероидот Рјугуа, а во септември истата година, започна да го истражува.

За време на престојот во близина на овој астероид, сондата лансирала проектили кон него и активирала бомби за да крене прашина и да собере примероци.

Благодарение на овој начин на „минирање“, на астероидот беа собрани подземни примероци прашина и карпи. На овој начин, за прв пат во историјата, е собран материјал од ваков тип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

На сопругот му е задача и обврска да врши „машки надзор“ во бракот... 

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

Овој контроверзен став на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески покрена бура од реакции во јавноста, а остри осуди пристигнаа и од политичките партии, новинари, невладини оргазации. Неговите тези за тоа како треба да функционираат односите меѓу мажите и жените ги објаснуваше синоќа во телевизиско гостување во кое дебатираше со адвокатката Катерина Котеска на тема за македонските семејства, насилствата и разводите...

-Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на неадекватен начин и да отфрлат било каков машки надзор. –Кој да ми врши надзор? Сопругот. – Зошто да ми врши надзор? – Зашто тоа му е задача. / Дали е насилство изневерувањето од сопругата? Или е насилство реакцијата на сопругот на фактичката состојба? Тоа неговото не е насилство. Петар Богојески – претседател на „Македонски концепт“ (гостување во Алфа ТВ).

Денеска Богојески се дообјаснува на фејсбук. Се закани за тужби кон новинари бидејќи се ваделе заклучоци само врз база на кратки исечоци од емисијата, но останува на ставот дека феминизмот е лош за жените.

Новинарот Бранко Героски во изјава за Канал 5 вели дека нема простор за релативизирање и најмалку што може да стори по скандалозните тези е да се извини на јавноста.

Понижувачки, ретроградни и опасни се зборовите на Богојески, оценува портпаролката на Владата од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која на социјалните мрежи напиша дека е згрозена од искажаните ставови. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. – стои во реакцијата на Митева. Осуда има и од ЛДП, од Националната мрежа за борба против насилство, од женската медиумска мрежа „Еднаква“. Бараат реакција и од обвинителството, комисијата за заштита од дискриминација, како и од Воената академија кадешто Богојески работи како професор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е првообвинет за злоупотреби со ВЛТ терминалите излегува од притвор, соопшти кривичниот суд.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Кривичниот совет на предлог на одбраната го прифатил предлогот и донел решение со кое на Бајрами му се укинува притворот и му се прифаќа гаранцијата во износ од 1.140.781 евра во недвижен имот.

За неколку дена поминува и законскиот рок до кога Бајрами може да биде во притвор. Судот му одредил мерки за претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер