Научниците во вселената открија структура долга со светлосни години (ВИДЕО) - Канал 5

Научниците во вселената открија структура долга со светлосни години (ВИДЕО)

Меѓународниот тим , кој работи во Опсерваторијата во Јужноафриканската Република на "MeerKAT" телескопот , открија огромни балони во средиштето на Млечниот пат , кои се во облик на песочен часовник.

Научниците во вселената открија структура долга со светлосни години (ВИДЕО)

Научниците сметаат дека стаснува збор за најголемата до сега откриена структура во галаксијата , што е резултат најверојатно на високоенергетска ерупција , што се случила во близина на огромната црна дупка на Млечниот пат пред повеќе милиони години.

И покрај тоа што долго време постои во нашата галаксија, неодамна беше можно да се забележи, благодарение на напредните телескопски инструменти кои можат да детектираат емисија на радио дури и преку густи облаци од вселенска прашина.

Научниците ја опишаа структурата во форма на песочен часовник во новиот труд објавен оваа недела во списанието „Nature“. Како што објаснија , таа е долга стотици светлосни години.

„Центарот на нашата галаксија е релативно мирен во споредба со другите галаксии со многу активни централни црни дупки“, рече Иан Хејвуд, од Универзитетот во Оксфорд, главниот автор на студијата.

„Сепак, централната црна дупка на Млечниот пат може на моменти да стане атипично активна. Можно е една таква активност да предизвика настани што резултираа со структура слична на песочен часовник“, објасни Хејвуд.

YouTube video

Според членовите на истражувачкиот тим, новото откритие би можело да помогне во решавањето на претходните мистерии, давање одговори за природата и појавата на магнетни нишки кои биле забележани во осумдесеттите години на минатиот век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. 

Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди

Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар.

Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар.. За проектот „Цел Центар на точак“ за тековната година се предвидени вкупно 600.000 денари.

Потсетуваме дека Јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди останува активен. Граѓаните и понатаму можат да поднесуваат барања за субвенции за седишта за деца и/или заштитни кациги, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот, но најдоцна до 1 декември 2026 година.

За дополнителната опрема се субвенционираат 30% од цената, но најмногу до 1.000 денари. „Големиот интерес од граѓаните уште еднаш покажува висока свест за одржлива урбана мобилност и користење еколошки начини на превоз“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка Мурму

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија  Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје

Втор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка Мурму

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто се обратија на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид.

Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последната порака на Олександр Сирски

Во контраофанзивите оваа година, Украина успеа да поврати 700 километри од својата територија, соопшти денес началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина во заминување, Олександр Сирски.

Последната порака на Олександр Сирски

Тој на својот канал на платформата „Телеграм“ потврди дека ја напушта функцијата началник на Генералштабот и истакна дека на својот наследник, Михаил Драпати, му ја препушта армијата која „не само што ја одржува одбраната, туку и дејствува офанзивно“, пренесува „Ројтерс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека денеска ќе биде официјализирана неговата одлука Михаил Драпати да биде назначен за нов главен командант на Вооружените сили на Украина, со што ќе го замени Олександр Сирски.

„Заедно со Михаило, Јевгениј Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се реорганизира Генералштабот на вооружените сили на Украина. Факт е дека Олександр Сирски постигна резултати за Украина во одбраната на Киев, офанзивата кај Харков и операцијата во Курск. Изминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и кон секој борец мора да се постапува достоинствено“, изјави Зеленски во објава на платформата X.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер