Научниците во шок: На планета до ѕвезда што умира, би можело да има живот - Канал 5

Научниците во шок: На планета до ѕвезда што умира, би можело да има живот

Научниците веруваат дека откриле планета каде што би можело да има живот. Станува збор за планета која орбитира околу ѕвезда што умира, јавува Би-Би-Си.

Научниците во шок: На планета до ѕвезда што умира, би можело да има живот

Доколку откритието биде потврдено, тоа ќе биде првпат ѕвезда што умира, т.н бело џуџе, да биде планета која може да поддржува живот.

Планетата е откриена во т.н зона погодна за живеење, односно во орбита во која не е ниту премногу студено ниту премногу топло за да постои живот. Студијата за откривањето на планетата е објавена во научното списание Royal Astronomical Society.

Професорот Џеј Фарихи од Универзитетот во Лондон, кој е главен автор на студијата, рече дека набљудувањето на таква планета е новост за астрономите: „На џуџето постои живот“.

Кога многу големи ѕвезди остануваат без енергија, тие се претвораат во црни дупки. Но, помалите ѕвезди, како нашето Сонце, стануваат бели џуџиња - ѕвезди кои го потрошиле целото нуклеарно гориво и ги изгубиле своите надворешни слоеви.

Белите џуџиња обично се со големина на планети и испуштаат синкаво-бела светлина кога се формираат. Планетата која веројатно е откриена е релативно блиску во вселената - таа е на „само“ 117 светлосни години од Земјата. Се смета дека е 60 пати поблиску до својата ѕвезда отколку што Земјата е оддалечена од Сонцето.

Тим од научници нема директен доказ за постоењето на планетата, но откриле движење на 65 структури со големина на Месечината во зоната на белото џуџе за населување. Растојанието на една структура во однос на друга не се менува, што сугерира дека тие се под гравитациско влијание на блиските планети.

„Тимот остана во шок. Движењата беа толку прецизни што не можеше да се замисли“, изјави професорот Фарихи за Би-Би-Си.

Населливата зона е еден вид „лента“ околу ѕвездата во која водата на планетата може да постои во течна состојба, што е погодно за живот. Обично таквата зона се нарекува „Златна зона“. Имено, ако планетата е премногу блиску до ѕвездите, тогаш температурата е превисока и нема услови за проточна вода. Истото важи и за планета која е премногу далеку од ѕвездата - температурата е премногу ниска за да има проточна вода.

Овие резултати треба да ги поттикнат астрономите да бараат директни докази за постоењето на планети во орбитата на белите џуџиња. Вообичаено е точно во астрономијата - ако најдете едно, значи дека е вообичаено“, вели професорот Фарихи за Би-Би-Си..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците

Со години се зборува за опасностите од употребата на канабис кај адолесцентите, чии мозоци сè уште се развиваат. 

Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците

Сепак, една нова меѓународна студија ја доведува во прашање претпоставката дека ризиците за ментално здравје значително се намалуваат по влегувањето во зрелоста, објави Science Daily.

Научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија анализирале 149 студии во кои учествувале повеќе од 71.000 учесници. Резултатите, објавени во научното списание „Биолошка психијатрија“, укажуваат на поврзаност помеѓу употребата на канабис и порана појава на психоза.

По триесетгодишна возраст, разликата е повеќе од шест години

Кај луѓето кои користеле канабис, првата епизода на психоза се случила во просек две и пол години порано отколку кај оние кои не го консумирале.

Сепак, резултатите значително се разликувале меѓу анализираните возрасни групи:

• Од 20 до 24 години - 1,6 години порано.

• Од 25 до 29 години - 4,43 години порано.

• Од 30 години и повеќе - 6,3 години порано.

Возрасните категории се однесуваат на просечното време на појава на психоза во анализираните студии.

Дали ефектите се акумулираат во текот на целиот живот?

Психијатарот и раководител на студијата, професорот Метју Ларџ, верува дека овој модел би можел да укаже на кумулативните ефекти од долготрајната употреба на канабис.

Сепак, анализата на опсервациските студии не докажува директна причинско-последична врска. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат механизмите зад оваа врска.

Како да се препознаат симптомите на психоза?

Психозата вклучува нарушување во перцепцијата на реалноста. Може да се манифестира преку халуцинации, заблудни верувања, неорганизирано размислување и промени во однесувањето.

Не е исклучиво симптом на шизофренија, туку може да се појави и во рамките на други ментални нарушувања.

Доколку се појават вакви симптоми, важно е што поскоро да се побара стручна медицинска помош.

Научниците повикуваат на посериозни предупредувања до јавноста

Авторите на студијата веруваат дека предупредувањата за потенцијалните последици од употребата на канабис не треба да бидат насочени исклучиво кон адолесцентите.

Фактот дека супстанцијата е од растително потекло или има специфична медицинска употреба не значи дека е без ризици за менталното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер