Научниците ве предупредуваат! Еве зошто секогаш треба да му го вратите на келнерот пијалакот во кој има кришка лимон

Ако сакате да исцедите лимон во чаша ладна вода со мраз – само напред!

Но, доколку сте од оние луѓе кои попрво би исекле парче лимон или портокал и ќе го ставите директно во пијалакот, имаме лоши вести за вас. Поточно, научниците имаат лоши вести за вас.

Истражувачите во студијата од 2007 година користеле по една кришка лимон во 21 ресторан, по што биле ставени на истражување. Резултатите од истражувањето покажале дека 70 проценти од тие примероци поседуваат 25 различни видови на микроби.

“Микробите кои биле пронајдени во примероците од лимоните може да предизвикаат заразни болести во различни делови на телото, иако не е утврдено колкава е веројатноста на инфекција “, велат истражувачите.

“Шефовите на рестораните треба да бидат свесни дека парчињата лимон, кои се додаваат во пијалаците може да имаат потенцијално патогени микроби”, се вели во студијата.

“Луѓето ги допираат лимоните, ги сечат, ги пренесуваат и ги ставаат во чаша или на работ на чашата”, вели д-р Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија на Универзитетот во Њујорк.

Овој проблем дома многу лесно ќе го решите – едноставно нема да ставате лимон во пијалакот(па колку и да е добро измиен). Но, кога ќе се најдете во кафуле, најдобро е на келнерот да му нагласите дека не сакате лимон или да ви го донесе на страна па само да го исцедите сокот во пијалакот.

притисни ентер