Научниците утврдиле кои луѓе имаат предиспозиции за долготрајно заболување со Ковид-19 - Канал 5

Научниците утврдиле кои луѓе имаат предиспозиции за долготрајно заболување со Ковид-19

Според најновото истражување, постарата возраст и широкиот спектар на првични симптоми го зголемуваат ризикот од „долготрајна инфекција со коронавирус“, велат научниците.

Научниците утврдиле кои луѓе имаат предиспозиции за долготрајно заболување со Ковид-19

Студијата од лондонскиот Кралски колеџ проценува дека секој 20-ти човек е болен најмалку осум недели и дека жените, дебелите луѓе и оние со астма имаат поголем ризик од долгорочно заболување.

Истражувачите ги анализирале податоците од апликацијата Covid Symptom Study, која служи за следење на симптомите на инфекција со коронавирус. Откриле дека секој може да има подолгорочни симптоми на ковид-19, но дека некои групи луѓе сè уште спаѓаат во поризичната група.

„Еден од главните фактори на ризик е појавата на повеќе од пет различни симптоми во првата недела на болеста со ковид-19“, изјави за Би-Би-Си Клер Стивенс, докторка од Кралскиот колеџ во Лондон.

Ковид-19 е повеќе од обична кашлица, а вирусот што го предизвикува може да влијае на скоро сите органи. Некој кој кашлал, се чувствувал уморен, имал главоболка и ретки столици и го изгубил чувството за мирис, има поголем ризик од долгорочно заболување отколку некој што имал само кашлица.

Ризикот исто така се зголемува со возраста, особено кај оние над 50 години, а особено кај жените на оваа возраст.

„Според прелиминарните податоци, мажите се изложени на многу поголем ризик од многу тешки симптоми и смрт, но се чини дека жените имаат поголема опасност од долготрајно траење на заболувањето со коронавирус“, рече Стивенс, додавајќи дека оние кои се изложени на ризик за постојан ковид-19 ги вклучуваат и оние кои имаат астма или некои други хронични заболувања на дишните патишта.

Вики Борн (48) имала треска и лесна кашлица на почетокот на инфекцијата со коронавирус во март и на крајот едвај дишела и морала да прима дополнителен кислород. Таа не завршила во болница, се лекувала дома, а сега, во октомври, сè уште има симптоми на инфекцијата.

Иако нејзиното здравје се подобрува, таа имала проблеми со видот и сè уште страда од краткотрајни напади на тешки симптоми. Обично шетањето домашно милениче и одзема толку многу енергија што не може да го шета кучето и да разговара истовремено.

„Имам чудни болки во зглобовите кои потсетуваат на артритис, а пред две недели повторно го изгубив чувството за мирис и вкус“, рече Борн.

„Тоа е како да имам воспаление кое се смирува, а потоа се враќа повторно и од кое не може да се ослободам“, додаде таа.

Според студијата, Борн не е изолиран случај. Имено, научниците од Кралскиот колеџ во Лондон откриле дека во просек секој седми човек е болен најмалку четири недели, секој четврти е болен најмалку осум недели, а еден од 45 најмалку 12.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер