Научниците тврдат дека лицата со крвна група А се повеќе загрозени од коронавирусот - Канал 5

Научниците тврдат дека лицата со крвна група А се повеќе загрозени од коронавирусот

Како некои луѓе заразени со коронавирус никогаш не кашлаат, додека други завршуваат на респиратори и умираат? Поради природата на вирусот, тешко е да се процени колку луѓе се всушност заразени, или колкумина веќе стекнале имунитет.

Научниците тврдат дека лицата со крвна група А се повеќе загрозени од коронавирусот

Сега германските и норвешките научници анализирале како инфекцијата се одвива во однос на крвната група на пациентот. Наодите се зачудувачки, иако студијата е објавена како т.н. препринт - имено, таа сè уште не ги поминала проверките и критиките на научната заедница, пишува Дојче веле.

Експерти од Универзитетот Кил и Универзитетската клиника во Осло го проучувале текот на болеста кај 1.610 пациенти кај кои короната предизвикала тешки респираторни проблеми. Пациентите се од Италија и Шпанија, две европски земји кои се сериозно погодени од епидемијата. Некои од нив починале.

Споредувајќи го ДНК материјалот на овие пациенти со примероци од крв од 2205 здрави лица, се покажало дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од заболување од тешка форма.

Инфицираните луѓе со крвна група А имаат двојно поголема веројатност да завршат на респиратор во споредба со оние заразени со крвна група 0. Групите Б и АБ се некаде помеѓу нив.

Групата А е најчеста крвна група во Европа, следат 0 и Б, а најретка е АБ.

Доколку се потврди резултатот од студијата, знаењето може да помогне во развојот на терапијата. Одамна е познато дека разни болести различно влијаат врз луѓето во однос на нивната крвна група. На пример, пациенти со група 0 ретко страдаат од маларија, додека групата А има најдобар имунитет против чума.

Истражувачите досега редовно започнале од „ранливите групи“ на пациенти, сметајќи ги постарите и хронични болните, а врз основа на некои студии,и пушачите. Со крвните групи, проучувањето на вирусот е дополнително се комплицира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Според најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. 

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години.

Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон.

Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување.

Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата.

Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката.

Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина.

Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!

Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.

Четири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!

Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити.

Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата.

Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови.

Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи.

Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост.

Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“.

Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер