Тие создадоа вештачки лист што може да произведе синтетичко гориво без да ја загадува околината, пренесува Science Alert.
Листот е способен за производство на синтетички гас, мешавина од водород и јаглерод моноксид. Овој вид гас е широко користен за производство на најразлични горива, лекови, пластика и ѓубрива; може да се добие на многу начини, но обично се прави од остатоци од јаглен или нафтени производи. Затоа, крајниот производ е многу често штетен за животната средина.
Вештачкиот лист се топи во вода и му е потребна сончева светлина, но функционира и на облачно време и може да произведе синтетички гас без да ослободува стакленички гасови.
„Можеби не сте чуле за синтеза на гас, но консумирате производи направени со него секој ден“, изјави хемичарот Ервин Рајнсер од универзитетот Кембриџ.
„Ако можеме да го произведуваме трајно на овој начин, тоа би можело да биде клучно во воспоставувањето одржлива хемиска и индустрија за горива“, додаде тој.
Вештачкиот лист, или уред, го имитира процесот на фотосинтеза во растенијата со комбинирање на дојдовна светлина, вода и јаглерод диоксид со катализатор од кобалт пероксид и произведува водород и јаглерод моноксид што ја сочинуваат синтезата на гас.
Иако ефикасноста на вештачкиот лист досега е многу ниска, таа може да се зголеми со понатамошно истражување, инвестиции и рафинирање. Научниците веруваат дека ова е единствена комбинација на материјали и катализатори што е подобра од другите слични системи.
„Вие не сте ограничени да ја користите оваа технологија само во топлите области или во текот на летните месеци. Можете да ја користите од самрак до зори насекаде во светот“, рече Виргил Андреј од универзитетот Кембриџ.