ЗдравјеНаучниците со шокантно откритие: Човечкиот мозок во еден случај се „јаде“ самиот себеКога на човечкиот мозок му снемува енергија поради продолжената физичка активност, тој почнува да го „јаде“ сопственото масно ткиво и да го користи како гориво.Ова го покажала студијата на мозокот на маратонците.Откритието укажува на сосема нова форма на невропластичност, која може да му помогне на човечкиот мозок да функционира при долготраен екстремен напор, пишува ScienceAlert. Скенирањето на мозокот на учесниците во студијата покажало дека за време на маратонската трка, кога нивото на гликоза во мозокот е опасно ниско, некои неврони почнуваат да го „џвакаат“ миелинот, супстанцијата богата со липиди (масти) која ги опкружува аксоните на нервните клетки. Миелинот е познат по тоа што им помага на невроните да испраќаат пораки поефикасно, но овој заштитен слој не е само едноставен статички изолатор, како што некогаш мислеа научниците. Новото истражување сугерира дека невроните можат да го користат овој масен слој и да ја преобликуваат нивната дебелина за да се прилагодат на промените во околината. Сега се чини дека мозочните клетки можат дури и да користат миелин како гориво, но само ако е потребно. Скенирајќи го мозокот на 10 маратонци (8 мажи и 2 жени) пред и по трката на 42 километри, шпанските невролозите забележале големи промени во маркерите на миелинот во белата маса на мозокот, каде што се концентрирани овие масни обвивки. Помеѓу 24 и 48 часа по маратонот, тркачите покажале знаци на значително губење на миелинот во областите на мозокот поврзани со моторната функција и координација, како и сензорна и емоционална интеграција. Две недели по настанот, миелинските маркери почнале да се враќаат, а два месеци подоцна тие биле стабилизирани кај 6 учесници во студијата чии скенирања на мозокот продолжило. Студијата е објавена во списанието Nature Metabolism.Тагови: научници мозок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook