Научниците снимиле за прв пат ѕвезда , што со себе го влече просторот – време (ВИДЕО) - Канал 5

Научниците снимиле за прв пат ѕвезда , што со себе го влече просторот – време (ВИДЕО)

Едно од предвидувањата на теоријата на релативитет  на Ајнштајн е дека секое тело во ротација со својата маса го влече ткивото на просторот-време.

Научниците снимиле за прв пат ѕвезда , што со себе го влече просторот – време (ВИДЕО)

Овој ефект е тешко да се види, бидејќи тој е всушност незабележлив за кодот, релативно кажано, на помали вселенски објекти. Така, влечењето, произведено од ротирањето на Земјата, може да се забележи само со аголна промена во жироскопот на сателитот, што е еднаква на еден степен на секои 100,000 години.

За среќа, има многу помасовни небесни тела во вселената, а научниците успеаја да го забележат овој ефект во sвезден пар кој се врти со неверојатни брзини еден околу друг. Нивните траектории тешко би ги толкувале астрономите од ерата на Њутн, бидејќи тие се движат во искривен простор-време и можат да се објаснат само со општата теорија на релативитетот на Ајнштајн, пишува The Conversation.

Пред дваесет години, радиотелескопот „Паркес“ на ЦСИРО откри единствен sвезден пар, кој се состои од бело џуџе со големина на Земјата, но околу 300 000 пати помасовна, и радио пулсар (400.000 пати поголемо според масата).

Во споредба со белите џуџиња, пулсарите спаѓаат во сосема друга категорија. Тие се екстремно густи и се вртат околу својата оска неколку стотини пати во рок од една минута. Пулсарот од оваа двојна sвезда ротира 150 пати во минута, што значи дека испушта еден куп радио бранови секоја минута што можеме да ги видиме од Земјата.

YouTube video

Научниците ги користеле овие снопови за да ја мапираат орбитата на пулсарот околу белото џуџе. Откриле дека овие две sвезди направиле круг околу себе за помалку од 5 часа.

Кога се создаваат бинарни sвезди, обично се гасат помасивните, создавајќи бело џуџе. Пред да истече животот на втората sвезда, таа пренесува дел од својата маса во белото џуџе. Формира диск на материјата што преминува кон белото џуџе и ја забрзува неговата ротација десетици илјади години сè додека не почне да ротира на секои неколку минути.

Во ретки случаи како оваа, другата sвезда може да експлодира во супернова, преобразувајќи се во пулсар. Брзо ротирачкото бело џуџе го повлекува простор-времето, навалувајќи ја орбиталната рамнина на пулсарот. Токму оваа склоност го забележаа научниците при мапирање на нејзината орбита.

Самиот Ајнштајн верувал дека многу од неговите предвидувања за време-простор никогаш нема да бидат набљудувани емпириски. Но, во последниве години има револуционерни откритија во астрофизиката, како што се забележување на гравитациони бранови или првата црна дупка во историјата. И сега е забележан ефектот за влечење.

Студијата наречена Lense–Thirring frame dragging induced by a fast-rotating white dwarf in a binary pulsar system , беше објавена во списанието Science.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Здравствена вонредна состојба во Гостивар. Поради  загадена вода  за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош во болницата.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење, поради што се засилени дежурните медицински тимови.

Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе.

Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија.

Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат.

Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат.

Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно место

Поради најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, најголемите ѕвезди од светот на спортот, модата, филмот и многу други општествени сфери дојдоа на премиерата на неговиот документарен филм во Њујорк.

Фото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно место

Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк од Меѓугорје и таму ја одржа премиерата на својот документарец.

Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ – Зимски волк“ ќе биде достапен за јавноста на 20 август, а премиерата, на која се појавија најголемите светски ѕвезди, се одржа околу еден месец претходно.

Секако, присутни беа личности од светот на спортот – почнувајќи од Мајк Тајсон, Џон Мекинро, Златан Ибрахимовиќ, Хуан Мартин дел Потро, Џани Инфантино, Богдан Богдановиќ, Марко Матераци, Роберто Карлос, Фернандо Љоренте и Кафу, па сè до кралицата на модата Ана Винтур, манекенката Кристина Романова и многу други.

Од фотографиите што се појавија од „Музејот на современа уметност“ може да се види дека сите уживале и дека имале што да видат. Веројатно нема да можат многу да зборуваат за тоа поради јавната премиера, која е закажана дури за август.

На филмот за Новак работеше Џејсон Хејер, човекот што го сними документарецот за Мајкл Џордан („Последниот танц“), а тоа само по себе беше доволна најава за спектаклот што се очекуваше.

„Кој најмногу се сомнева во мене? Гледате во него“, рече Новак Ѓоковиќ, покажувајќи кон себе: „Се обидувам да се надминам себеси, повеќе од кој било друг. Луѓето мислат дека си постигнал толку многу и дека треба да уживаш во тоа, а јас не можам да уживам“, изјави Новак, меѓу другото, во објавениот трејлер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер