Научниците снимиле огромна експлозија во најстарата галаксија во вселената - Канал 5

Научниците снимиле огромна експлозија во најстарата галаксија во вселената

Научниците забележале феномен во надворешната вселенска галаксија кој наликува на моќна експлозија со високо-енергетско зрачење. 

Научниците снимиле огромна експлозија во најстарата галаксија во вселената

Доколку биде потврдено, тоа ќе биде најстариот познат излив на гама зраци што се случил околу 400 милиони години по Големата експлозија.

Астрофизичарот Линхуа Џианг од универзитетот во Пекинг и неговите колеги ја користеле опсерваторијата Кек на Хаваите за да ја испитаат најслабата и најстара позната галаксија во вселената, GN-z11. Во еден момент, забележале дека станува стотици пати посветло и посветло на неколку минути, пишува New Scientist.

Експертите веруваат дека тие биле сведоци на рафал на гама-зраци (GRB), или моќен излив на гама-зраци поврзан со големи експлозии слични на супернова во далечните галаксии. Еден таков блиц произведува во просек за неколку секунди исто толку зрачење како Сонцето за 10 милијарди години , што всушност би бил целиот животен век на Сонцето. Ова се најмоќните експлозии познати во универзумот што го знае човештвото.

Секако, кога ќе се погледне во GN-z11, ќе се види како изгледала таа галаксија пред 13,4 милијарди години, што значи дека таа е една од првите галаксии што се формирала по Големата експлозија. Поради проширувањето на универзумот, тој сега е оддалечен околу 32 милијарди светлосни години. Проширувањето на универзумот исто така го продолжува времетраењето на експлозијата што ја виделе Џианг и неговите колеги, а кое веројатно траело само дваесетина секунди.

Пред ова откритие, најоддалечениот познат блесок на гама зрачење се случил околу 100 милиони години подоцна, околу 500 милиони години по Големата експлозија, што укажува на тоа дека галаксиите во раниот универзум биле поактивни отколку што се сметало порано.

"Рафалите на гама зраците треба да бидат исклучително ретки. Веројатноста за откривање на таква појава во одредена галаксија е близу до нула. Ако требаше да набљудувате галаксија пред милион години, веројатно ќе пронајдевте само неколку рафали на гама-зраци. Затоа бевме толку изненадени", рече Џианг. .

Она што сè уште не е сосема јасно, и што би било добро да се провери понатаму, е дали овој настан е навистина далечен рафал на гама-зраци или можеби бил лош сигнал од сателитот или некој предмет во нашиот соларен систем како на пример астероид.

Џианг се сомнева дека станува збор за грешка, но вели дека за жал не може да се потврди затоа што тоа било феномен што поминал. Тој додава дека нивото на осветленост и времетраењето на настанот укажуваат на експлозија на гама зрачење.

Студијата наречена Evidence for GN-z11 as a luminous galaxy at redshift 10.957 е објавена во списанието Nature Astronomy.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Од 4.000 до 11.000 денари во просек повисоки месечни примања со јануарската плата ќе добијат вработените во Армијата и Министерството за одбрана.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Линеарно зголемување од 10 отсто за сите вработени во одбраната најави ресорниот министер Владо Мисајловски.

Покачувањето ќе ги опфати не само основните плати, туку и додатоците за ноќна и прекувремена работа. Мисајловски го оцени зголемувањето како најголемо досега во апсолутна вредност, со што, според него, одбраната станува една од институциите со највисоки примања во државата.

„Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историски најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата.“ изјави Владо Мисајловски – министер за одбрана.

Најавеното покачување го поздравија и претставниците на репрезентативните синдикати. Синиша Станчевски, потпретседател на Независниот синдикат на одбраната, оцени дека зголемувањето на платите е резултат на успешниот социјален дијалог со Министерството.

„Вака вистински изгледа социјалниот дијалог. Како синдикат се гордееме со постигнувањата што ги остваривме во овој период –изјави Синиша Станчевски – потпретседател на Независниот синдикат на одбраната.

„Ова е историско покачување, со кое за првпат во Министерството за одбрана и Армијата имаме зголемување на платите и другите додатоци од 10 проценти. Исто така, успеавме за неколку месеци да решиме и други проблеми во врска со професионалните војници, согласно член 40 од Законот за служба во Армијата – посочи Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Во меѓувреме, за 7 ноември останува најавен протестот на синдикатот предводен од Александар Насковски, кој бара законско решавање на статусот на професионалните војници, повисоки плати и обесштетување на поранешните припадници на Армијата. Мисајловски порача дека секој има право на протест, додека Алити смета дека барањата се веќе решени и дека нема основа за протест.

-Ние како синдикат на професионални војници не го поддржуваме тој протест бидејќи законски тоа е решено,- изјави Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Покрај повисоките плати, со буџетот за 2027 година за одбраната се предвидени дополнителни две милијарди денари. Според Мисајловски, околу 30 отсто од средствата ќе бидат насочени кон модернизација и капитални инвестиции, а приближно ист толкав дел кон персоналот. Меѓу најголемите финансиски обврски останува набавката на хеликоптерите „Леонардо“, чија реализација, како што посочи министерот, е еден од приоритетите во продолжувањето на модернизацијата на Армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

На сопругот му е задача и обврска да врши „машки надзор“ во бракот... 

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

Овој контроверзен став на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески покрена бура од реакции во јавноста, а остри осуди пристигнаа и од политичките партии, новинари, невладини оргазации. Неговите тези за тоа како треба да функционираат односите меѓу мажите и жените ги објаснуваше синоќа во телевизиско гостување во кое дебатираше со адвокатката Катерина Котеска на тема за македонските семејства, насилствата и разводите...

-Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на неадекватен начин и да отфрлат било каков машки надзор. –Кој да ми врши надзор? Сопругот. – Зошто да ми врши надзор? – Зашто тоа му е задача. / Дали е насилство изневерувањето од сопругата? Или е насилство реакцијата на сопругот на фактичката состојба? Тоа неговото не е насилство. Петар Богојески – претседател на „Македонски концепт“ (гостување во Алфа ТВ).

Денеска Богојески се дообјаснува на фејсбук. Се закани за тужби кон новинари бидејќи се ваделе заклучоци само врз база на кратки исечоци од емисијата, но останува на ставот дека феминизмот е лош за жените.

Новинарот Бранко Героски во изјава за Канал 5 вели дека нема простор за релативизирање и најмалку што може да стори по скандалозните тези е да се извини на јавноста.

Понижувачки, ретроградни и опасни се зборовите на Богојески, оценува портпаролката на Владата од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која на социјалните мрежи напиша дека е згрозена од искажаните ставови. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. – стои во реакцијата на Митева. Осуда има и од ЛДП, од Националната мрежа за борба против насилство, од женската медиумска мрежа „Еднаква“. Бараат реакција и од обвинителството, комисијата за заштита од дискриминација, како и од Воената академија кадешто Богојески работи како професор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер