Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотНаучниците се спуштиле на дното на Пацификот и останале шокирани од она што живее на 9.500 метри длабочина (ВИДЕО)Истражувачка експедиција предводена од Кина откри нов подводен екосистем на длабочина од над 9.500 метри за време на мисија во Тихиот Океан.Тимот научници ги направи првите слики од животни кои преживуваат во екстремните услови на темниот океански свет под огромен притисок и без пристап до сончева светлина. Ново откритие Научниците ја користеа подморницата „Фендуже“, која им овозможи да нурнат во океанските ровови на северозападниот Тихи Океан. Иако претходно беше познато дека животот постои на длабочина од над осум километри, новото откритие ги поместува границите на тоа знаење. „Екосистемите“ беа снимени, составени од цевчести црви, мекотели и други организми кои преживуваат користејќи хемикалии како што се водород сулфид и метан кои излегуваат од раседите на морското дно, наместо од сончева светлина. „Неверојатни заедници на живот“ Мисијата траеше повеќе од еден месец и опфати повеќе од 2.500 километри океански ровови на длабочина од 5.800 до 9.533 метри. Истражувањето го потврдува постоењето на екосистем поттикнат од метан, што е значаен напредок во разбирањето на животот на екстремни длабочини, велат научниците. „Откривме навистина неверојатни заедници на живот. Овие животни се целосно прилагодени на услови каде што нема светлина, а притисокот е огромен“, рече водечкиот истражувач од Кинеската академија на науките, Сјаотонг Пенг. Тихиот океан полн со тајни Претходниот рекорд за регистрирани видови на длабочина го држеше риба полжав, која беше регистрирана на 8.336 метри во близина на јапонскиот брег. Снимките покажаа големи концентрации на живот во форми на цевчести црви и мекотели, кои преживуваат во целосен мрак и користат хемиски реакции за да преживеат. Овие организми претходно им беа непознати на научниците, а идните истражувања треба да откријат како функционираат овие тела и како преживуваат под овие исклучителни услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter