Научниците развиле технологија со вештачка интелигенција, што го спречува труењето со храна - Канал 5

Научниците развиле технологија со вештачка интелигенција, што го спречува труењето со храна

Секоја година, повеќе од 600 милиони луѓе доживуваат труење со храна, а се проценува дека дури 4,2 милиони умираат како резултат на консумирање контаминирана храна, според податоците од Светската здравствена организација.

Научниците развиле технологија со вештачка интелигенција, што го спречува труењето со храна

Често дознаваме за опасните прехранбени производи премногу доцна, но на хоризонтот постои решение кое би можело да го промени тоа: вештачка интелигенција способна да детектира штетни бактерии пред да стигнат до нашите чинии.

Меѓународен тим истражувачи, предводен од Универзитетот во Јужна Австралија, овој месец објави студија која покажува како вештачката интелигенција може да идентификува контаминирана храна веќе во полињата и фабриките, пишува Food & Wine.

Технологија што гледа невидливи закани

Во својот нов труд, објавен во списанието Toxins, научниците го опишуваат потенцијалот на напредна технологија што комбинира хиперспектрално снимање (HSI) со машинско учење. Системот е дизајниран да идентификува микотоксини, опасни соединенија произведени од габи, кои можат да ја контаминираат храната за време на одгледувањето, бербата и складирањето.

Микотоксините можат да предизвикаат низа здравствени проблеми, од мали дигестивни нарушувања до рак. Проблемот е од глобални размери, што е потврдено од податоците на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) при ОН, според кои дури една четвртина од светските култури се потенцијално контаминирани со габи кои произведуваат овие опасни токсини.

Клучот за новиот метод лежи во хиперспектралното снимање, техника која снима слики со исклучително детални спектрални информации, овозможувајќи увид во она што е невидливо за човечкото око. „Хиперспектралното снимање - техника која снима слики со детални спектрални информации - ни овозможува брзо да откриеме и квантифицираме контаминација во примероци од цела храна без да ги уништиме“, објасни Ахасан Кабир, главен автор на студијата и докторант на Универзитетот во Јужна Австралија.

Технологијата во суштина создава уникатен „оптички отпечаток“ на микотоксинот. Тој отпечаток потоа се анализира со помош на алгоритми за машинско учење, кои се обучени да препознаваат суптилни спектрални шеми и на тој начин да класифицираат контаминирани зрна и јаткасти плодови со висока точност.

Технологија ефикасна во идентификување на една од најканцерогените супстанции во храната

За да ја потврди ефикасноста, тимот разгледа повеќе од 80 студии спроведени на различни видови храна како што се пченица, пченка, јачмен, овес, бадеми, кикирики и ф'стаци. Резултатите покажаа дека системите базирани на HSI технологија и машинско учење ги надминуваат постојните методи, постигнувајќи точност од 90 до 95 проценти, а во некои лабораториски услови, речиси совршена класификација.

„Оваа технологија е особено ефикасна во идентификување на афлатоксин Б1, една од најканцерогените супстанции што се наоѓаат во храната“, додаде професор Санг-Хон Ли, раководител на проектот.

Најголемата предност на овој систем е што може да работи во реално време, што би можело да спаси милиони животи што се губат секоја година поради болести што се пренесуваат преку храна. Следниот чекор е да се интегрира технологијата во производствените линии или да се развијат рачни уреди за да се осигури дека само безбедни и неконтаминирани производи стигнуваат до потрошувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер