Научниците прв пат снимиле црна дупка како голта ѕвезда голема колку Сонцето (ВИДЕО) - Канал 5

Научниците прв пат снимиле црна дупка како голта ѕвезда голема колку Сонцето (ВИДЕО)

Научниците на НАСА прв пат со телескоп зебележале огромна црна дупка како уништува ѕвезда и тоа го снимиле целито процес од почеток до крај.

Научниците прв пат снимиле црна дупка како голта ѕвезда голема колку Сонцето (ВИДЕО)

Сателит на американската агенција ТЕСС откри детален редослед на исчезнување на ѕвезда оддалечена 375 милиони светлосни години , која била привлечена од гравитацијата на масивна црна дупка, објаснуваат научниците.

Ѕвезда со големина на нашето Сонце на крајот беше „проголтана“ во редок вселенски настан, додадоа тие.

Астрономите ја искористиле Меѓународната телескопска мрежа за откривање на феноменот пред да се свртат кон ТЕСС, кој е дизајниран да ги „лови“ далечните планети и го сними почетокот на драматичниот настан, докажувајќи ја неговата ефикасност во набудувањето на вселената.

„Тоа е комбинација на способност и среќа и понекогаш треба да ја туркате науката напред“, рече астрономот Томас Холоин од Институтот за наука Карнеги, кој го водеше истражувањето, објавено во „Астрофизички журнал“.

Таквиот феномен се појавува кога ѕвездата се приближува до супермасивната црна дупка, предмет што постои во центарот на многу големи галаксии, вклучувајќи го и нашиот Млечен пат.

Екстремно силните гравитациони сили на црната дупка ја раскинуваат sвездата, а некои материјали се исфрлаат во вселената, додека остатокот влегува во црната дупка, формирајќи диск на топол, блескав гас.

„Можеме да ја измериме брзината со која станува сјајна и можеме да видиме пад на температурата и сјај кои што е уникатен“, вели Холоин.

Забележувајќи ги осцилациите на светлината како што црната дупка ја проголтува sвездата и го исфрла ѕвездениот материјал во спирала може да им се помогне на астрономите да го разберат однесувањето на црната дупка, научна мистерија од работата на физичарот Алберт Ајнштајн пред повеќе од еден век кога го испитуваа ефектот на гравитацијата врз светлината во движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер