Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
2 Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
ЗдравјеНаучниците прв пат откриле честички од микропластика во човечка крв Научниците за прв пат пронашле траги од микропластика во човечка крв.Иако сè уште не се знае точно какво влијание имаат микропластичните честички врз нашето здравје, научниците се загрижени бидејќи лабораториското испитување покажало дека тие можат да предизвикаат оштетување на човечките клетки. Со децении, човештвото има проблеми со отстранувањето на пластичниот отпад, а микропластиката досега е пронајдена на секој дел од нашата планета; од врвот на Монт Еверест до подножјето на најдлабоките океани, пишува The Guardian. Научниците претходно открија дека луѓето внесуваат и вдишуваат микропластични честички преку храна и вода, а тие се пронајдени во изметот на бебињата и возрасните. Во најновата студија, научниците анализирале примероци од крв од 22 здрави анонимни дарители и во 17 од нив (речиси 80%) откриле несакани честички. Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика, која вообичаено се користи во шишиња за пијалоци, додека една третина содржела полистирен што се користи за пакување храна и други производи. Една четвртина од примероците од крвта содржеле полиетилен од кој се направени пластични кеси. „Нашата студија покажа дека имаме полимерни честички во крвта, што е револуционерно откритие. Но, треба да го прошириме истражувањето и да го зголемиме бројот на примероците, бројот на проценети полимери итн.“, рече екотоксикологот Дик Ветаак од Vrije Universiteit Amsterdam. . „Разумно е да се грижите. Честичките се таму и се пренесуваат низ целото тело“, рече Ветаак. Тој додаде дека количината и видот на пластиката значително се разликуваат помеѓу примероците на крв. Објасни дека можеби станува збор за краткорочна изложеност, како на пример пиење од пластична чаша, пред да се земе примерок од крв. „Прашањето е што се случува со честичките во нашето тело? Дали остануваат во него? Дали патуваат до одредени органи? И дали нивното ниво може да му наштети на нашето здравје? Треба итно да финансираме понатамошни истражувања за да можеме да ги дознаеме одговорите на овие прашања“, рече Ветаак. Студијата наречена Discovery and quantification of plastic particle pollution in human blood е објавена во списанието Environment International.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00
МетеоОблачно време со појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветерВремето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за локална појава на град. И во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а во делови од регионот и од котлината ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите, наутро ќе се спуштаат од 10 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе бидат од 27 до 36 степени. Во Скопје и околината утринската температура ќе се спушти до околу 17 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00
ХороскопДневен хороскоп за 27. јули 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 27. јули 2027 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа. Здравје и совет Одморете и наспијте се . Девица 23.8.-23.9. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек. Здравје и совет Тргнете се од каква било негативност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот. Здравје и совет Не постои совршенство. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат. Здравје и совет Ќе го надминете преодниот стрес. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења. Кариера Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Здравје и совет Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно. Кариера Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна. Здравје и совет Сепак имате доволно слобода. Овен 21.3-20.4. Љубов Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине. Кариера Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате. Кариера Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Посигурни сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Одвоете го приватното од деловното. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе. Кариера Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Бидете трпеливи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаIn memoriam: Почина актерот Гоце ТодоровскиПознатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст,објави неговата ќерка Сашенка на социјалните мрежи.„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…“, објави неговата ќерка. Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Подоцна бил гостин и во други театарски куќи, беше дел од бројни театарски престави, телевизиски серии, филмови, хумористични радио емисии. Тој соработувал со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Димитрие Османли…, а играше и во познатите телевизиски серии „Македонски народни приказни”, „Итар Пејо”, „Булки кај шините”, „Ајде да се дружиме”, „Трето доба”, „Хихирику“, „Во светот на бајките”, „Бушава азбука”, „Солунски патридии”, “Трст виа Скопје”, “Чук, чук Стојанче”…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00