Научниците потврдија дека откриле една од најстарите галаксии во вселената (ВИДЕО) - Канал 5

Научниците потврдија дека откриле една од најстарите галаксии во вселената (ВИДЕО)

Научниците потврдија дека вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) минатата година, набргу откако првите снимки од овој моќен телескоп го обиколија светот, ја пронајде една од најстарите галаксии некогаш видени.

Научниците потврдија дека откриле една од најстарите галаксии во вселената (ВИДЕО)

Спектроскопската анализа потврди дека оваа црвена дамка, која подоцна беше наречена галаксијата на Мејзи, е формирана само 390 милиони години по Големата експлозија, односно дека е една од најраните галаксии во универзумот што сме ги набљудувале досега, пишува Science Alert.

Така, светлината од оваа галаксија патувала околу 13,4 милијарди години пред да биде фатена од моќните „очи“ на JWST.

Овие резултати потврдуваат дека раниот универзум бил многу повеќе преполн отколку што очекувавме. „Она што е возбудливо за оваа галаксија е тоа што таа е една од првите далечни галаксии пронајдени од JWST“, рече астрономот од Универзитетот во Тексас, Стивен Финкелштајн, кој ја именуваше галаксијата по неговата ќерка Мејзи, чиј роденден беше минатата година, кога галаксијата била откриена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда.

Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец

„Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението.

Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби.

Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер