ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
1ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаНаучниците планираат да изградат џиновски телескоп на Месечината „Поставивме телескопи во нашите дворови, на високи и оддалечени планини, па дури и ги испративме во вселената“, пишува Science Alert. Поставувањето телескоп на Месечината не е нова идеја. Американската агенција НАСА веќе финансираше истражување за развој на лунарен радио телескоп кој би се наоѓал во кратерот (LCRT). Во трудот насловен „Астрономија од Месечината: Од егзопланети до космологија и надвор од видливата светлина“, астрономите Жан Шнајдер и Антоан Лабери сумирале неколку познати идеи и претставиле нов концепт на хипертелескоп. Додека радио телескопите на далечната страна на Месечината како LCRT се најпопуларни, откриен е и Телескопот за живот на лунарните полови (LFTALP), кој всушност би бил низа од 6,4 метарски телескопи фокусирани на потрага по егзопланети. Постои и идеја за Лунарен оптички ултравиолет истражувач (LOUVE), кој би барал само УВ објекти. Има и предлог за опсерваторија за гравитациони бранови слична на LIGO. Како што забележува Science Alert, проблемот со повеќето од овие идеи е што било кој од овие телескопи би бил предизвик за производство на Земјата, а камоли на Месечината, што во моментов е надвор од нашите технички можности. И покрај тоа, потсетуваат, најавено е враќање на луѓето на Месечината до крајот на оваа деценија. Тоа го направија САД и Кина, па после тоа прашањето за производство на лунарен телескоп станува само прашање на време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независностОчигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија.Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски. Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат. Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја. Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка. Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист. Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место. Фактите победија, лагите паднаа. А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета. Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат. Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби. Тагови: пожар Шуто Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов ликДетското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето. Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook