Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
1Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
ЗдравјеНаучниците откриле зошто децата поминуваат со полесна форма на ковид Веќе е познато дека коронавирусот кај децата обично предизвикува само благи проблеми, но досега не било целосно јасно зошто е тоа така.Новото истражување покажало дека имунолошкиот систем на детето е подобро подготвен за напади на коронавирусот отколку имунолошкиот систем на возрасно лице благодарение на клетките во горниот респираторен тракт кои се постојано во состојба на готовност. Затоа телото на детето брзо успева да го „отфрли“ вирусот во случај на инфекција, односно пред масовно да се размножи. Ова веројатно е објаснување зошто децата многу поретко заболуваат од ковид, напишаа научниците од Универзитетот во Берлин и Хајделберг во списанието „ Nature Biotechnology“. „Сакавме да откриеме зошто одбраната против вирусот очигледно работи многу подобро кај децата“, рече Ирина Леман, раководител на Одделот за молекуларна биологија во Берлинскиот здравствен институт (БИХ). Во потрага по одговор, научниците зеле клетки од носната слузница на 42 здрави и 44 болни возрасни и деца. Потоа, меѓу другото, тие ја анализирале активноста на одредени гени во одделни клетки. За брза борба против вирусот, мора да бидат активни таканаречените рецептори за препознавање, кои иницираат одбрана на телото, објаснуваат тие. И токму овој систем во клетките на горниот респираторен тракт и во некои клетки на имунолошкиот систем бил многу „буден“ кај децата, покажала анализата. Кај возрасните, напротив, „системот за рано предупредување“ бил фатен неподготвен, а во тој случај вирусот се ширел побрзо и поефикасно. „Научивме од оваа студија дека не постојат само фактори на ризик од ковид, туку и фактори на заштита“, зиајвила Леман. Авторите тврдат дека нивните наоди би можеле да го отворат патот за нови истражувања за тоа дали научниците можат превентивно да стимулираат заштитна реакција од коронавирус кај пациенти со висок ризик за да ги доведат до нивото што го имаат децата изложени на вирусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКолоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домовиКолоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи. Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа. Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови. Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна. Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот. Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“. Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата. Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна неделаТоплотниот бран кој ја зафати државата ќе се задржи и во текот на следната недела.Од УХМР за Канал 5, велат толотно време ќе потрае, а кон крајот на следната недела, температурите ќе бидат и над 40 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Тагови: топлотен бран УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16 Уште тројца граѓани со вирусно воспаление на мозокот се хоспитализирани на Инфективната клиника, со што бројот на потврдени и суспектни на тешка форма на заразата „западен нил“ кој на луѓето го пренесуваат комарците се искачи на 16. Од нив тројцата скопјани кои во последниве денови беа ставени на респиратор се уште се во кртитична состојба, а засега кај нив нема ни подобрување, ни влошување, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана. -Во последните 24 часа, односно последното деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани уште тројца пациенти, кај кои е потврдено дека се работи за вирусно заболување, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Сите тројца се над 60-годишна возраст, односно, 64, 69 и 83 години и сите се со придружни хронични болести, вели за Канал 5 д-р Цана. Ниту еден од шестте новохоспитализираните во последните два дена не патувал надвор од земјата, што доколку се потврди западно-нилска треска значи дека се заразени од убод од комарец дома, односно би спаѓале во категоријата автохтони случаи, кои во најголем дел периодов се лоцирани во Драчево каде се споведе и дезинсекција. Според епидемиолозите, освен лица кои имаат над 60 години, во т.н. ризична група спаѓаат и најмалите, особено доенчињата и децата до три години, па затоа апелот до повозрасните и родителите е заштита од убоди со користење на мрежи во домовите и различни средства против комарци. Експертите од областа очекуваат да има зголемување на изолираните случаи со потешка форма на болеста, а во меѓувреме надлежните тврдат дека ја следат состојбата и вршат дезинсекција на ризичните места. Од сите заразени само еден процент можат да имаат тешка форма, а 20 проценти лесни симптоми, останатите ја носат заразата со себе, а не знаат, но од човек на човек не се пренесува. Тагови: Западен Нил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook