Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
2Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
ЗдравјеНаучниците откриле можна шема на ширење на коронавирусот меѓу луѓетоГенетската анализа на примероци на повеќе од 7500 луѓе заразени со ковид-19 покажува дека новиот коронавирус САРС-КоВ-2 се проширил брзо низ целиот свет кон крајот на минатата година и се прилагодува на човечките домаќини, објавија денеска научниците.Научниците од Институтот за генетика на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) откриле скоро 200 генетски мутации на новиот коронавирус кои се повторливи и редовно се реплицираат. Според нив, ова покажува можна шема на нејзиниот развој и ширење кај луѓето. Франсоа Балукс, еден од водачите на истражувањето во UCL, објаснува дека резултатите покажале дека голем дел од глобалната генетска разновидност на вирусот САРС-КоВ-2 може да се најде во сите земји сериозно погодени од пандемијата. "Сите вируси мутираат. Мутациите сами по себе не се ништо лошо и нема што да сугерираме дека САРС-КоВ-2 мутира побрзо или побавно отколку што се очекуваше. Засега не можеме да кажеме дека новиот коронавирус станува повеќе или помалку смртоносен и заразен", рече Балукс. Неговиот тим ги испитал геномите на повеќе од 7500 вируси од заразени пациенти ширум светот, а наодите покажуваат докази дека вирусите САРС-КоВ-2 имаат заедничко потекло од крајот на 2019 година. Ова укажува дека вирусот се преселил од животни на луѓето во овој период. Додека резултатите од студијата потврдуваат дека вирусот се појавил кон крајот на 2019 година, а потоа рапидно се шири низ целиот свет, студијата не ја утврди точната локација или изворната точка. Балукс изјави дека 198 генетски мутации или промени се случиле повеќе од еднаш и тоа може да помогне да се утврди како се прилагодувал вирусот, како и да помогне во развој на лекови и вакцини. "Најголемиот предизвик за поразување на вирусот е тоа што откако вирусот ќе мутира, вакцината или лекот можеби нема повеќе да бидат ефективни. Ако се фокусираме на деловите на вирусот кои се помалку склони кон мутација, имаме подобри шанси за развој на лекови кои ќе бидат ефективни на долг рок", рече Балукс . Според најновите информации, 3,68 милиони луѓе во моментов се заразени со вирусот ширум светот, а над 257.000 починале. Инфекцијата е пријавена во повеќе од 210 земји од првото појавување во Кина во декември 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаСДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коскиВо Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата. Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка. Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува. Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона. Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Сателити. На далечинско. Не со народ. Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг. Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш. Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас. СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа. За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook