Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
1Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
2ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
3Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ТехнологијаНаучниците откриле дека животот на Земјата потекнува од вселената Две органски соединенија неопходни за живите организми, пронајдени во примероците од астероидот Рјугу, ја поддржуваат теоријата дека некои состојки клучни за појавата на живот на Земјата пристигнале во карпите од вселената пред милијарди години.Научниците вчера објавија дека откриле урацил и ниацин во карпите земени од две локации на Рјугу од сондата Хајабуса2 на јапонската вселенска агенција во 2019 година. Урацилот е еден од хемиските градбени блокови кои ја сочинуваат РНК, молекулата која ги носи упатствата за создавање и функционирање на живите организми. Ниацинот, наречен и витамин Б3 или никотинска киселина, е од суштинско значење за метаболизмот на живите организми и е откриен во истите примероци. Примероците од Рјугу, кои изгледале како темно сиви честички, биле транспортирани на 250 милиони километри патување назад до Земјата и вратени на површината на нашата планета во запечатена капсула, која слетала на австралиска почва во 2020 година и била испратена во Јапонија за понатамошна анализа. Научниците долго размислувале за тоа кои услови биле неопходни за појава на живот по формирањето на Земјата пред приближно 4,5 милијарди години. Новите откритија добро се вклопуваат со хипотезата според која молекулите на живиот свет пристигнале на Земјата во рана фаза преку комети или астероиди кои носат соединенија кои го отвориле патот за првите живи организми - микробите. Научниците претходно открија клучни органски молекули во метеоритите богати со јаглерод пронајдени на Земјата. Но, се наметна прашањето дали тие вселенски карпи по падот на Земјата биле контаминирани поради изложеноста на животната средина на Земјата. „Нашето клучно откритие е дека урацилот и ниацинот, и двата од биолошко значење, се навистина присутни во вонземски средини и можеби пристигнале на „младата Земја“ како составни делови на астероидите и метеоритите. Веруваме дека тие одиграле улога во еволуцијата на пребиотиците на Земјата, како и во потеклото на првиот живот“, рече астрохемичарот Јасухиро Оба од Универзитетот Хокаидо во Јапонија, главен автор на студијата објавена вчера во списанието Nature Communications. „Овие молекули на Рјугу беа пронајдени во недопрена вонземска средина“, рече Оба, додавајќи: „Веднаш беа земени примероци од астероидот Рјугу и вратени на Земјата и завршија во лаборатории без претходен контакт со копнени загадувачи“. Органскиот астрохемичар и ко-автор на студијата Јошинори Такано од Јапонската агенција за морска и земјина наука и технологија (JAMSTEC) рече дека со нетрпение ги очекува резултатите од анализата на примероците што ќе бидат вратени на Земјата во септември од друг астероид, Бена. Американската вселенска агенција НАСА собра примероци од тој астероид како дел од мисијата OSIRIS-REx во 2020 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужуваПравдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба. Како министер за правда, мојата определба е да градиме правосудство во кое законот ќе биде над секој интерес, правдата нема да зависи од ничија моќ, а секој граѓанин ќе има еднакво право на заштита и правично постапување. Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок. Обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно. Институции што ќе ја оправдаат довербата не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност. Довербата во правдата не се бара – таа се заслужува. Не со декларации, туку со дела. Не со ветувања, туку со резултати. Затоа, реформите нема да ги мериме само според бројот на донесени закони, туку според промените што граѓаните реално ќе ги почувствуваат: поефикасни постапки, поквалитетни одлуки, поголема правна сигурност и еднаква примена на законот за сите. Европската иднина на државата подразбира европски стандарди во секоја институција, доследност во спроведувањето на реформите и одговорност без исклучок. Тоа не е само наша обврска на европскиот пат, туку пред сè обврска кон граѓаните и нивното право да живеат во праведна и уредена држава. Правдата е обврска. Одговорноста е должност. Довербата се заслужува. Честит 25 Октомври – Европски ден на правдата! Министер за правда д-р Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САДДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на највлијателната годишна конференција за спроведување на законот во САД.На покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, присуствува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, која се одржува во САД. Поканата за учество на еден од најголемите и највлијателните годишни настани во областа на спроведување на законот, претставува признание за остварените резултати на Царинската управа во успешно гонење на криминалот. Тоа се огледа во фактот што, во периодот од јули 2024 до денес, Царинската управа поднесе 422 кривични пријави до надлежните јавни обвинителства. Преку вмрежување со органите за спроведување на законот на светско ниво, се овозможува значително зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал. Истовремено, конференцијата претставува одлична можност за запознавање со најновите технологии и иновации во областа на откривањето и сузбивањето на криминалот. На настанот учествуваат повеќе од 600 изложувачи кои ги претставуваат најновите технолошки решенија, овозможувајќи директен увид во современите алатки и практики за спроведување на законот. Минатиот месец со поддршка и донација од Министерството за правда на САД, на три гранични премини, беше воведен систем за телесни камери. Примената на современа технологија во оперативното работење се очекува да резултира со зголемена ефикасност во спречување на нелегална трговија. Продолжуваме да ја зајакнуваме соработката на национално и меѓународно ниво, со цел поефикасна борба против организираниот криминал и заштита на границите. Царинска управаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook