Научниците открија зошто мозокот троши толку многу енергија, па дури и кај лица во кома - Канал 5

Научниците открија зошто мозокот троши толку многу енергија, па дури и кај лица во кома

Човечкиот мозок троши до 10 пати повеќе енергија од остатокот од телото, „голтајќи“ во просек 20 проценти од внесената енергија кога се одмараме.

Научниците открија зошто мозокот троши толку многу енергија, па дури и кај лица во кома

Дури и кај пациентите во кома за кои се вели дека доживуваат мозочна смрт, мозокот сепак троши голема количина на енергија, само два до три пати помалку од вообичаеното.

Ова е една од најголемите мистерии на невронауката - зошто неактивен орган сè уште бара толку многу моќ? Се чини дека една нова студија конечно дала одговор на тоа прашање.

Кога мозочната клетка пренесува сигнал до друг неврон, тоа го прави преку синапса, односно точка на контакт помеѓу аксоните на една клетка и дендритите или аксоните на друга. Што е аксон или како изгледаат деловите од нервна клетка, можете да видите на сликата подолу.

Прво пресинаптичкиот неврон испраќа куп везикули до крајот на својот аксон, најблиску до синапсата. Везикулите потоа ги цицаат невротрансмитерите од невроните, делувајќи како обвивки во кои се пренесува важна порака.

Овие „обвивки“ потоа патуваат до самиот раб на невронот, каде што се поврзуваат со мембраната, ослободувајќи невротрансмитери (порака) во синапсата. Веќе знаеме дека овој процес бара значителна количина на енергија.

Но, што се случува со овој систем кога ќе се намали нервната активност? Тогаш зошто мозокот продолжува да троши толку многу енергија?

За да го разберат ова, научниците спровеле неколку експерименти на нервните завршетоци и ја споредиле метаболичката состојба на активните и неактивни синапси. Дури и кога нервните завршетоци не испраќале пораки, синаптичките везикули сè уште имале високи метаболички потреби за енергија.

Имено, се чини дека пумпата зад туркањето на протоните од везикулите и цицањето на невротрансмитерите никогаш не престанува и дека нејзината работа бара постојано снабдување со енергија.

Таа пумпа, за време на експериментите, била одговорна за половина од метаболичкото консумирање на синапсата во мирување, пишува Science Alert.

Научниците објаснија дека причината е што оваа пумпа може да истече, па синаптичките везикули постојано исфрлаат протони низ нив, дури и ако се веќе полни со невротрансмитери и ако невронот не е активен.

Некои неврони во мозокот се веројатно поподложни на загуба на енергија, па би било добро да се открие зошто може да ги чуваме што е можно подолго, дури и ако се лишени од кислород или шеќер.

„Со овие откритија, можеме подобро да разбереме зошто човечкиот мозок е толку ранлив во ситуации на прекини или лошо снабдување со енергија“, рече биохемичарот Тимоти Рајан од Медицинскиот факултет Веил Корнел во Њујорк.

„Ако имавме сигурен начин да го намалиме овој одлив на енергија и на тој начин да го забавиме метаболизмот на мозокот, тоа би можело да биде многу корисно во клиничка смисла“, додаде тој.

Истражувањето наречено Synaptic vesicle pools are a major hidden resting metabolic burden of nerve terminals е објавено во списанието Science Advances.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер