Научниците открија нов гел за борба против ќелавоста - Канал 5

Научниците открија нов гел за борба против ќелавоста

Научниците во 2024 г. открија потенцијален нов третман за наследна ќелавост, најчеста причина за губење на косата кај мажите и жените.

Научниците открија нов гел за борба против ќелавоста

Станува збор за гел базиран на деоксирибоза, природен шеќер кој е составен дел од ДНК, објавува ScienceAlert.

Откритието е направено при проучување на заздравувањето на раните кај глувци. Научниците од Универзитетот во Шефилд и Универзитетот COMSATS во Пакистан забележале дека крзното околу лезиите третирани со деоксирибоза расте побрзо отколку кај нетретирани животни, што ги натерало да истражуваат понатаму.

Ефикасноста е потврдена кај глувци

Во студија објавена во јуни 2024 година, тимот го тестирал гелот на машки глувци кои имале „косопаст“ предизвикан од тестостерон. Истражувачите секојдневно го нанесувале гелот од деоксирибоза на кожата на глувците со отстрането крзно. Во рок од неколку недели, третираните области покажале „нагло“ повторно растење на долги, густи влакна.

Гелот се покажал толку ефикасен што делувал исто толку добро како миноксидилот, еден од најпопуларните локални третмани за губење на косата (преку кожата во форма на крема или маст).

„Нашето истражување сугерира дека одговорот за лекување на опаѓањето на косата може да биде едноставен, како користење на природниот деоксирибозен шеќер за стимулирање на протокот на крв во фоликулите на влакната за да се стимулира растот на косата“, вели инженерот за ткива Шила Мекнил од Универзитетот во Шефилд.

Потрагата по нови решенија

Наследната ќелавост, или андрогената алопеција, погодува до 40% од популацијата, а се јавува поради генетска наследност, хормонални промени или стареење. И покрај ова, Американската агенција за храна и лекови (FDA) досега има одобрено само два лека за лекување на состојбата.

Миноксидилот може да го забави опаѓањето на косата, но не делува кај секого. На мажите им е достапен и „финастерид“, орален лек на рецепт кој го забавува опаѓањето на косата кај околу 80 до 90 проценти од пациентите, но мора да се зема постојано, но може да има сериозни несакани ефекти како што се еректилна дисфункција, намалено либидо и депресија. Сè уште не е одобрен за жените.

„Лекувањето на андрогената алопеција останува предизвик“, наведуваат Мекнил и нејзините колеги во трудот.

Потенцијален механизам и идни примени

Истражувачите сè уште не се сигурни точно како гелот го поттикнува растот на косата, но забележале зголемување на бројот на крвни садови и клетки на кожата во третираната област. Тие претпоставуваат дека подобреното снабдување на фоликулите со крв, го поттикнува растот на косата.

Доколку гелот се покаже како ефикасен кај луѓето, би можел да се користи за лекување на алопеција или за стимулирање на повторно растење на косата, трепките и веѓите по хемотерапијата.

Тековните експерименти се спроведени само на машки глувци, а истражувањето е во рана фаза. „Истражувањето што го направивме е многу рано, но резултатите се ветувачки и бараат понатамошно истражување“, заклучува Мекнил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

По прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.

Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Најдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“.

41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија.

Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at.

Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон.

Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market).

Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана.

Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери.

Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“.

Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“.

За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци.

Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа.

За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер