Научниците открија неверојатно голема црна дупка во вселената

Британските астрономи открија огромна црна дупка, околу 30 милијарди пати поголема од масата на Сонцето.

Научниците од Универзитетот во Дурам рекоа дека црната дупка е една од најголемите откриени досега.

Тимот ги опишал нивните наоди, објавени во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, како „исклучително возбудливи“.

„Оваа конкретна црна дупка, која е приближно 30 милијарди пати поголема од масата на нашето Сонце, е една од најголемите откриени досега“, рече главниот автор д-р. Џејмс Најтингел, од Катедрата за физика на Универзитетот во Дурам.

Супермасивните црни дупки се најмасивните објекти во универзумот, со маса помеѓу 10 и 40 милијарди пати поголема од масата на Сонцето. Астрономите веруваат дека тие можат да се најдат во центарот на сите големи галаксии, како што е Млечниот пат.

Ултрамасивните црни дупки се ретки и нивното потекло е нејасно. Некои веруваат дека тие се формирани со екстремно спојување на масивни галаксии пред милијарди години, кога универзумот бил сè уште млад. Научниците го искористија ефектот на гравитационата леќа што ја открила црната дупка, регион каде гравитационата сила е толку силна што дури и светлината не може да избега.

Тие потоа користеле суперкомпјутерски симулации на Универзитетот Дурам и слики направени од вселенскиот телескоп Хабл за да ја потврдат неговата големина. Тие рекоа дека ова е првата црна дупка откриена со помош на гравитациони леќи.

„Повеќето од најголемите црни дупки за кои знаеме се во активна состојба, каде што материјата вовлечена во близина на црната дупка се загрева и ослободува енергија во форма на светлина, рендгенски зраци и друго зрачење“, рече Најтингел.

„Сепак, гравитационите леќи овозможуваат проучување на неактивни црни дупки, нешто што моментално не е можно во далечните галаксии. Овој пристап би можел да ни овозможи да откриеме уште многу црни дупки надвор од нашиот локален универзум и да открие како овие егзотични објекти еволуирале понатаму во космичкото време“, рече тој.

Научниците рекоа дека нивната работа ја зголемува „возбудливата можност“ астрономите да откријат повеќе ултрамасивни црни дупки отколку што се мислело.

Најтрофејниот европски тренер останува на клупата на Партизан

Легендарниот тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ потпиша нов договор со црно-белите од Белград.

Трофејниот тренер според информациите на порталот „Нова“,договорил продолжување на соработката со својот омилен клуб.

Рекордерот на Евролигата на клупата на црно белите повторно седна во 2021 година по скоро 30 години работа во најдобрите европски клубови.

Под негово водство експресно клубот се врати во најсилното европско натпреварување, каде во првата сезона по враќањето беше блиску до пласман на фајналфор турнирот.

Минатата сезона Партизан по 10 години стана шампион во АБА лигата, а сезонава црно белите се вистинска атракција за сите љубители на кошарката од Европа и се убедливо најгледаниот кошаркарски клуб на Стариот континет .

-Ова е мој клуб, мој град. Горд сум што ја продолжуваме соработката, истакна Обрадовиќ.

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека 27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија потенцирајќи дека како што тие не се откажале од овој ден, така нема да се откажат и од 8 мај.

- Никогаш да не ги заборавиме сликите од крвавиот четврток, сликите на насилниците поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија упад во Собранието, се обидоа да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, кои сакаа да да го урнат уставниот поредок. На 27 април пред седум години, се виде до каде може да одат поделбите и омразата, желбата за пресметка со сите оние кои мислат поинаку. Овој датум е потсетник колку лесно опасна, десничарска власт може да ја уништи стабилноста и демократијата, да ја уназади државата. Тогаш не се откажавме од борбата за подобра иднина на граѓаните, за слободна и демократска држава. Нема да се откажеме ниту сега. СДСМ е партија направена од цврст материјал и секогаш на вистинската страна од историјата. Како што не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај. Никогаш повторно режим, напиша претседателот на СДСМ Ковачевски на Фејсбук.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

притисни ентер