Тие патуваат сами низ галаксиите и не се осветлени од ѕвезда , а на нив владее вечна темнина. Научниците и порано знаеле за потоење на вакви планети , но сега открија дека ги има далеку повеќе отколку што се претпоставуваше.
Според пресметките во Млечниот пат би требало да има милијарди вакви планети. Научниците открија 20 такви планети минатата година , а во другите планетарни системи вкупно 3917 .
За да пресметаат колку вакви планети треба да има , научниците од холандскиот Универзитет во Лејден смислија софистицирана математичка симулација за група млади ѕвезди во срцето на маглината на Орион.
Во тој модел ставија 2 522 планети , од кои 357 биле темните планети , кои скитаат по вселената , односно по 11 милиони години од новното формирање , престанале да бидат дел од некој сончев систем.
Доколку овој модул се преслика на нашиот Млечен пат , тогаш се појавува број од 16,5 милијарди ,,темни планети” .