Научниците од Харвард утврдиле колкав е ризикот од зараза со корона во авион - Канал 5

Научниците од Харвард утврдиле колкав е ризикот од зараза со корона во авион

Ризикот од инфекција со коронавирус во авион, со безбедносни мерки, е многу мал, многу помал отколку во продавниците или рестораните, објави денеска Харвард.

Научниците од Харвард утврдиле колкав е ризикот од зараза со корона во авион

Извештајот покажува дека ризиците „можат да се намалат на многу ниско ниво преку комбинација на мерки за контрола на инфекцијата“.

Истражувањето е финансирано од групацијата „ Airlines for America“, која ги обединува авиокомпаниите и производителите на опрема за авиони, во време кога американските компании бележат месечни загуби од милијарди долари поради падот на сообраќајот за 65 проценти поради коронавирусот. Авиокомпаниите во САД имаат 50 проценти помалку летови отколку во 2019 година.

Истражувањето покажало дека откако авиокомпаниите вовеле задолжително носење маски, го интензивирале чистењето и го смениле процесот на качување и слегнување, „има многу малку докази за инфекција за време на лет“.

За авионите се вели дека имаат системи за вентилација кои го менуваат воздухот во просек на секои две до три минути, отстранувајќи 99 проценти од честичките со големина на коронавирусот.

Научниците исто така истакнуваат дека маските значително го намалуваат ризикот од пренесување на болести. Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорачува патниците и членовите на екипажот да носат маски во авионите и аеродромите за да се спречи ширењето на ковид-19.

Резултатите од студијата се совпаѓаат со наодите на студијата на Министерството за одбрана на САД објавена претходно овој месец, која исто така покажа дека ризикот од инфекција при летањето е многу мал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликти

Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликти

Денеска (11.08.2026) полициски службеници од ПС БПС Велес, спроведоа сообраќајна превентивна активност, во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината на движење според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за последиците што можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот. И Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Куманово и СВР Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај во Скопје, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Берово и Кочани, со акцент на потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига.

Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.

Полициски службеници од СВР Скопје, ОВР Делчево и ОВР Берово во Скопје, Берово и Делчево реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице

Денеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него.

По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска – Ивановска насловен „Ideale“ на Бит Фест

Концертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство.

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска – Ивановска насловен „Ideale“ на Бит Фест

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас - баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Концертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство.

Публиката ќе има можност да слушне дела на Рубинштајн, Чајковски, Даргомижски, Штолц, Штраус, Шуберт, Тости и Ибер, меѓу кои и култната „Ideale“ од Тости, по која концертот го добива своето име. Особено место во програмата зазема и циклусот „Шансоните на Дон Кихот“ од Ибер, како и интерпретациите на македонските народни песни „Кога падна на Пирина“ и „Сношти минав покрај вази“, во обработка на Горан Начевски и Дарија Андовска.

Иван Наумовски е еден од најафирмираните македонски вокални уметници од својата генерација. Бас-баритонот, кој е доцент по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своето образование го надградува на престижните универзитети за музика и изведувачки уметности во Грац и Виена.

Неговата професионална кариера опфаќа настапи на значајни оперски и концертни сцени во Европа и САД, како и учества на реномирани фестивали. Оперското деби го остварува во Опера Грац, а настапувал и во Македонската опера и балет, со репертоар кој вклучува повеќе значајни улоги.

Особено важен момент во неговата кариера е дебито во 2025 година во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните концертни сали во светот.

Партнер на сцената ќе му биде Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на Катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Таа е препознатлива по префинетиот звук, елегантниот музички израз и богатото концертно искуство. Како солист и камерен музичар настапувала во повеќе европски земји, како и во САД, а соработувала со бројни истакнати домашни и странски уметници.

Со својата богата програма, концертот „IDEALE“ ветува музичка вечер во која виртуозноста, емоцијата и раскошот на вокалната интерпретација ќе се сретнат со суптилноста и моќта на пијаното.

БИТ ФЕСТ – 15 август, 20:00 часот, Офицерски дом – Битола.

Вечер посветена на музиката, големите автори и врвните македонски уметници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер