Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
1Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ЖивотНаучниците немаат објаснување за древен череп, во кој има вграден метален инплант Научниците сè уште не го знаат вистинското потекло на издолжениот череп во кој бил поставен метален имплант.Имено, тие не знаат дали се работи за најраниот пример на древен хируршки имплант во Перу или за модерен фалсификат. Фактот дека черепот, дониран на Музејот за остеологија во Оклахома Сити, има издолжена форма не е невообичаен бидејќи Перуанците во античко време знаеле да ги стискаат главите на децата со панделки за време на нивниот развој за да ја постигнат оваа форма. Она што е чудно, сепак, е нејзиниот метален имплант кој, доколку е автентичен, би можел да биде уникатно откритие од древниот свет на Андите. До вградениот метален предмет во черепот има дупка која веројатно е резултат на процедурата на трепанација или отворање на черепот за да се олесни мозокот при обидот да се лекува повреда или медицинска болест, што било вообичаена практика во античкиот свет. Остеолошкиот музеј вели дека неговите експерти допрва треба да ја потврдат автентичноста на металниот имплант. Портпаролот на музејот изјави за Live Science дека не е извршено датирање со јаглерод и дека специјализираните археолози допрва треба детално да го анализираат черепот. Од Live Science разговарале со неколку независни експерти за можното потекло на черепот, но нивните мислења се различни. Некои се скептични и веруваат дека се работи за фалсификат, додека други претпоставуваат дека ова би можело да биде пример за античка медицинска пракса. „Многу се сомневам дека ова е автентично“, вели антропологот Џон Верано од Универзитетот Тулан во Луизијана, истакнувајќи дека металниот имплант можеби е модерен фалсификат, дури и ако черепот е легитимен. „Накратко, мислам дека тоа е обид да се направи черепот вреден колекционерски предмет. Овој метален имплант можеше да биде вметнат пред многу децении, пред да биде даден во музејот или да го набави донаторот“, рече Верано. Верано испитал неколку черепи од Андите на кои наводно имало метални импланти и во 2010 година објави истражување на оваа тема во Журналот за остеоархеологија. Таму наведува примери на черепи со фалсификувани метални импланти или оние во кои бил пронајден метал, но тоа било за погребен ритуал, а не хируршки процес. Други научници веруваат дека ова е вистински пример на древна медицинска пракса, но дека е премногу рано да се каже со сигурност додека не се спроведат дополнителни тестирања. „Никогаш не сум видел нешто слично. Врз основа на фотографиите, изгледа како металниот дел да е обликуван според черепот“, изјавила антропологот Даниела Курин од Универзитетот во Калифорнија. „Врз основа на скршеницата, ова лице, кое изгледа како постар маж, претрпело огромна траума со тап предмет на десната страна на главата. Концентричните линии на фрактура покажуваат знаци на заздравување, што укажува дека дотичниот маж ја преживеал повредата барем неколку недели до месеци“, додаде Курин. „Бидејќи металуршката технологија во тоа време варираше низ Андите, тестирањето на черепот може да покаже каде се произведува тој метал. Исто така, би било добра идеја да се направи рендген на черепот за да се утврди дали парчето метал го покрива отворот за трепанацијата и/или отворената фрактура на черепот. „Постојат неколку случаи на минати откритија каде парче човечка коска било ставено во исечена дупка по трепанирање“, додаде таа. Во една статија од 2013 година во Американскиот журнал за физичка антропологија, Курин напишала за случајот на лице кое живеело во Перу пред околу 800 години и носел тесно прицврстена капа со метален дел како шлем што ја штити областа продупчена од трепанација. Остеолошкиот музеј се уште не објавил кога ќе спроведе детално истражување на черепот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со ВучиќПадот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ. Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции. Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови. Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки. Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ. Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ. Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија. Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ. И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива. Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
СветПримирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуацијаВо украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп. Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители. Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 годинаИзраелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот. Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада. Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00