Научниците најдоа чудна материја , клучна за колонизацијата на Марс - Канал 5

Научниците најдоа чудна материја , клучна за колонизацијата на Марс

Додека глобалното затоплување почнува да претставува сериозна закана за животот на Земјата, на Марс истиот процес би можел да биде круцијален, во позитивна смисла, за успешна колонизација на Црвената планета.

Научниците најдоа чудна материја , клучна за колонизацијата на Марс

"Марс е всушност највозбудливата планета за живот во нашиот сончев систем, по Земјата", вели научникот Лаура Кербер од лабораторијата Jet Propulsion Laboratory на НАСА.

"Сепак, многу форми на живот сега не можат да преживеат", додаде таа.

Постојат неколку основни работи кои се потребни за да се создадат човечки колонии на Марс, пишува Science Alert. Прво, треба да ја загрее оваа планета и некако да ги заштити идните жители од ултравиолетовите зраци.

Со цел да се одмрзнат залихите на замрзната вода на Марс, треба да се подигне температурата на ова суво небеско тело за најмалку 50 степени Целзиусови, а потоа да се обидат да порастат растенија.

Растенијата, всушност, се еден од главните предуслови за човечка колонизација на Марс. Ако сакаме да живееме таму, пишува НАСА, ни треба нешто за јадење. Основното земјоделство е затоа еден од главните проблеми со кои се соочуваат научниците кои размислуваат за долгорочно населување на таа планета.

Научниците дошле на идеја да го полнат Марс со огромни количества стакленички гасови, омразени на Земјата. Една од идеите беше механичко ослободување на CO2 од теренот, но наскоро се покажа дека нема доволно резерви на стакленички гасови на Марс, кои би можеле да предизвикаат глобално затоплување ако бидат ослободени.

Кога астрофизичарите сфатија дека немаат способност да ја загреваат целата Црвена планета , одлучија да се фокусираат на друга опција - локално затоплување на атмосферата.

Имено, научниците веќе забележале слична појава на Марс, односно локализирана изолација на столбовите, каде што мразот, составен од вода помешан со СО2, дејствува како изолатор и со тоа одржува топлина во просторот под него.

Сега истражувачите сфатија дека исклучително невообичаен материјал - силиконски аерогел кој изгледа како замрзнат чад може да дојде во оваа форма на Марс. Овој материјал веќе се користи како изолација при истражувањата со Роверот на Црвената планета, и всушност има својства кои се совршени за создавање ефект на стаклена градина.

Аерогелот може да се користи како проѕирен капак за да се овозможи светлината да помине, по што организмите би можеле да ја користат за фотосинтеза, но исто така би служел како изолатор или да ја задржат топлината во одредена локализирана област.

Како? Едноставно затоа што аерогелот, иако крут, содржи 98% воздух, што значи дека е добар изолатор и слабо ја пренесува топлината. Од друга страна, овој чуден материјал е транспарентен и поминува низ светлината и ги рефлектира штетните УВ зраци, бидејќи главната компонента на воздухот лежи во силиконските влакна кои го одбиваат ултравиолетовото зрачење.

Научниците утврдија дека им требаат 2 до 3 сантиметри од овој материјал за да ја зголемат локалната температура. Тие ги копираа површинските услови на Марс во лабораторијата и заклучија дека таквата заштитна структура ќе им овозможи да ја зголемат температурата за 50 степени, проточната вода на Марс, но и UV заштитата.

Така, наместо да ја обликуваме целата планета, можеме да ги загрееме локализираните области кои наскоро ќе бидат погодни за животот што го знаеме.

"Таквиот систем на заштитени острови или оази ќе ни обезбедат контролирана тераформација на Марс", вели Кербер.

"Идеалната локација за населување на Марс треба да биде област со умерени температури и изобилство на вода, но Марс е најжежок околу екваторот, а најголем дел од замрзнатата вода е на нејзините столбови.” Иако експериментот извршен во лабораторијата беше охрабрувачки, научниците сè уште знаат дека таквата форма на трансформација може да наиде на бројни пречки.

На пример, експериментот предвидува употреба на големи количини силиконски аеросоли, така што огромно количество на овој материјал треба да се пренесе на Марс.

Покрај тоа, треба да поминат најмалку четири години за доволно да ги загреат овие места за да се создадат региони со постојана течна вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на одбележувањето 80 години Ловечка федерација на Македонија

Доверба за тие што ги почитуваат правилата, нулта толеранција за тие што ги кршат.

Тошковски на одбележувањето 80 години Ловечка федерација на Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на свечената церемонија во Народниот театар во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија, честитајќи им го големиот јубилеј на членовите на Федерацијата и на генерациите ловци кои осум децении ја градат и продолжуваат ловечката традиција.

Во своето обраќање, Тошковски се осврна на промените што Министерството за внатрешни работи ги презема во областа на оружјето, нагласувајќи дека целта е да се отстранат непотребните административни процедури за граѓаните кои ги исполнуваат законските услови, а истовремено да се воспостави поефикасна контрола.

„Кога дојдовме во Министерството, утврдивме дека над пет илјади граѓани ги исполнувале условите, а дозвола не добиле. А во исто време, оружје добивале луѓе кои никогаш не смееле да го имаат в рака. Тоа е систем кој истовремено ги казнува чесните и ги наградува погрешните. Таков систем не е ни праведен, ни безбеден. Затоа го сменивме“, истакна Тошковски.

Министерот посочи дека барањето за набавка на оружје е пренесено на електронска платформа, а укината е и обврската за претходно одобрение за набавка на муниција, при што МВР преку централниот електронски систем има увид во набавените количини.

Осврнувајќи се на новиот Закон за оружје, Тошковски нагласи дека со него се предвидува можност со едно барање да се бараат повеќе парчиња оружје, дозволено полнење муниција, проширено сокорисничко право и продолжување на рокот за регулирање на наследеното оружје од два на четири месеци. Предвиден е и рок од една година за регулирање на случаите во кои бил пропуштен рокот или барањето било одбиено поради тоа, како и за оружјето што треба да се легализира, пререгистрира или доброволно да се предаде.

Тошковски потенцираше дека административните олеснувања мора да бидат проследени со построга и современа контрола.

„Секое олеснување за чесниот ловец оди заедно со построга контрола. Новиот закон воведува електронско следење на секое парче оружје од фабриката до крајниот корисник. Воведува обврска оружјето да се чува безбедно, на соодветно место. И прв пат го регулира оружјето и деловите изработени со 3Д печатачи и CNC машини, закана која пред дваесет години не ни постоеше“, рече Тошковски.

Тој ја сумираше целта на промените со пораката дека легалното оружје треба да биде во рацете на одговорни луѓе, а нелегалното оружје да нема место на улиците – „доверба за тие што ги почитуваат правилата, нулта толеранција за тие што ги кршат“.

Министерот ја истакна и важноста на соработката со Ловечката федерација и ловечките друштва, повикувајќи таа да биде континуирана и практична, особено при согледувањето на евентуалните проблеми при примената на законските решенија.

На крајот од обраќањето, Тошковски им го честиташе 80-годишниот јубилеј на членовите на Ловечката федерација.

„Ловецот најдобро ја познава оваа земја. Секоја планина, секоја долина, секоја патека. Можеби затоа најдобро и знае колку таа вреди. Да ја сакаме Македонија, не само со зборови, туку со дела, со одговорност и со почит еден кон друг“, порача министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на Националната академија за јавна администрација на Италија

Го поставуваме темелот за нова генерација професионални лидери во јавната администрација.

Минчев на Националната академија за јавна администрација на Италија

При официјалната посета на Рим, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на програмата наменета за едукација на високите раководители во италијанската јавна администрација, која се реализира во рамки на Националнота академија за јавна администрација на Италија (SNA), а на која учествуваа над 100 раководители.

Обраќајќи им се на идните раководители во италијанската јавна администрација, министерот Минчев ја претстави реформата што Министерството за јавна администрација ја спроведува во областа на професионалниот развој на административните службеници, со посебен фокус на воспоставувањето на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници.

„Нашата амбиција е Академијата да биде повеќе од место каде што луѓето едноставно посетуваат обуки. Сакаме таа да стане платформа за континуиран професионален развој, лидерство, размена на искуства и градење на компетенциите што ги бара современата европска јавна администрација“ - истакна Минчев.

Тој нагласи дека Македонија во воспоставувањето на новиот систем не сака да се потпира само на сопственото искуство, туку активно да учи од европските институции со долгогодишна традиција во професионалниот развој на јавната администрација.

Минчев говореше и за реформата на системот на високи раководни позиции во Македонија. Тој истакна дека Законот за високи раководители, усвоен претходно оваа година, ќе започне да се применува од октомври 2026 година, со цел да се зајакнат професионалноста, заслугите и одговорноста при изборот и именувањето на високите раководители во јавните институции.

„За нас, законодавството е само почеток. Вистинската реформа ќе се мери според тоа како овие принципи функционираат во пракса и според квалитетот на лидерството и услугите што ги чувствуваат граѓаните“ - истакна Минчев.

Посетата на Националната академија за јавна администрација на Италија е дел од активностите на министерот Минчев во рамки на официјалната посета на Рим, во која беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република.

Ви благодариме.

Со почит,

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии на повеќе локации во Молдавија: Пронајдени остатоци од беспилотни летала

Утрово неколку беспилотни летала навлегоа во молдавскиот воздушен простор, по што следеа експлозии на повеќе локации. Според досегашните информации, нема повредени лица.

Експлозии на повеќе локации во Молдавија: Пронајдени остатоци од беспилотни летала

Министерството за одбрана на Молдавија соопшти дека националниот систем за надзор детектирал повеќе беспилотни летала над молдавската територија, вклучително и во близина на Анениј Ној, Штефан Вода, Тудора и Каушени.

Полицијата потоа извести дека жители од неколку области пријавиле експлозии надвор од населените места. На повеќе локации беа пронајдени делови за кои постои сомневање дека потекнуваат од беспилотни летала.

Во близина на Каушени, полицијата пронашла остатоци од летало по пријави за експлозија и густ чад. Слични предмети биле пронајдени и во близина на Дубовка и Хинчешти, како и меѓу Делакау и Пухачени.

Експлозија предизвика пожар и оштети објект

Еден од посериозните инциденти е забележан во близина на Крокмаз, во областа Штефан Вода.

Пожар во вегетацијата избувна откако летало се урна во лозје, а беа оштетени и прозорците на близок земјоделски објект. Според достапните информации, нема повредени лица.

Полицијата ги истражува околностите на сите инциденти и апелираше до граѓаните да не им приоѓаат на пронајдените делови од летала, туку веднаш да ги известат надлежните служби.

Сè се случи за време на рускиот напад врз Украина

Инцидентите беа забележани додека Русија изведуваше нов голем напад со беспилотни летала и ракети врз Украина.

Молдавските власти сè уште немаат објавено конечни информации за потеклото на сите пронајдени летала, ниту пак тврдат дека Молдавија била нивната цел. Истрагата е во тек.

Санду: Пет руски ракети и беспилотни летала го нарушија нашиот воздушен простор

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, го осуди утринскиот руски напад врз Украина и изјави дека војната, според нејзините зборови, „опасно стигнала до Молдавија“.

„Пет руски воздушни средства, вклучително ракети и беспилотни летала, го нарушија нашиот воздушен простор и експлодираа на наша територија. Москва ги загрозува животите низ Европа и мора да биде запрена“, напиша Санду на платформата „X“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер