Научниците креираа нова порака до вонземјаните - Канал 5

Научниците креираа нова порака до вонземјаните

Научниците смислиле дигитална порака која би можела да биде испратена во вселената за да го воспостават првиот контакт со вонземјаните.

Научниците креираа нова порака до вонземјаните

Пораката ќе биде објавена во научно списание, но допрва треба да биде подложена на стручна проверка.

Научниците со векови се ангажирани во слични обиди за комуникација.

На почетокот на 19 век, австрискиот астроном Џозеф Јохан Фон Литроу предложил да се ископаат ровови со одредена геометриска форма во Сахара, а потоа да се полнат со керозин и да се запалат за можните интелигентни цивилизации во вселената да разберат дека има интелигентни суштества на Земјата.

Обидите за комуникација со вонземјаните продолжија особено интензивно во текот на 20 век. Во 1962 година, советските научници насочија радио предавател кон Венера и испратија честитки во форма на Морзеова шифра.

Следниот обид за контакт со вонземјаните беше далеку поамбициозен, барем во однос на далечината. Во 1974 година, тим од научници, вклучително и астрономите Френк Дрејк и Карл Саган, испратија радио порака од опсерваторијата Аресибо во Порторико до Месиер 13, консталација од ѕвезди оддалечени околу 25.000 светлосни години. Сликата испратена во бинарен код ја покажува човечката фигура, структурата на ДНК, моделот на јаглеродниот атом и дијаграмот на телескопот. Кога ќе стигне до ѕвезденото јато, пораката веројатно нема директно да ја погоди населената планета, дури и да постои, но хипотетичките вонземјани сепак би можеле да ја откријат бидејќи испратениот сигнал е 10 милиони пати посилен од радио сигналите што ги емитува нашето Сонце.

Во 1977 година, вселенските летала Војаџер 1 и 2 лансираа порака која содржи звуци и слики избрани да ја претстават различноста на животот и културата на Земјата, врежани во позлатен бакарен диск. Моментално се наоѓа во меѓуѕвездениот простор на работ на Сончевиот систем.

Според Scientific American, новата порака, наречена Beacon in the Galaxy (BITG), била осмислена од научникот од млазната лабораторија на НАСА Џонатан Џијанг и неговите колеги.

„Направена е ажурирана, бинарно-кодирана порака за вонземска интелигенција во нашата галаксија Млечен Пат“, напишаа авторите на студијата.

Предложената порака вклучува основни математички и физички концепти кои треба да послужат како универзално средство за комуникација.

Вклучува и мала симпатична графика на две човечки суштества со лекција за анатомија и детали за ДНК, периодична табела на елементи и повик за одговор.

Луѓето природно сакаат да знаат дали има живот на друго место во универзумот, а особено други интелигентни суштества покрај нас. Потврдата дека тие постојат веројатно би била едно од најголемите откритија и би имало голем број сериозни филозофски, етички, религиозни и други импликации.

Но, научниците се уште се поделени околу одговорот на прашањето дали е паметно да се испраќаат пораки до вонземјаните или не. На пример, познатиот британски физичар Стивен Хокинг предупреди дека вонземската цивилизација не мора нужно да биде пријателска само затоа што е интелигентна и технолошки напредна

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Скопјани од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одобри новите цени за трите системи за снабдување со топлинска енергија во главниот град.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Најголемо зголемување од 5,96 проценти ќе имаат корисниците на ЕСМ снабдување, системот на кој се приклучени најголемиот дел од домаќинствата со централно греење во Скопје.

За корисниците на ЕСМ енергетика, познато како железарско парно, цената се зголемува за 5,18 проценти, додека корисниците на Енерџи Еколинк, поранешно Скопје Север, ќе плаќаат 3,65 проценти повеќе.

Според пресметката што ја соопшти Регулаторна, сметката за просечен стан од 60 квадратни метри ќе се зголеми за околу 140 денари месечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење, а во меѓувреме, градот ќе продолжи да биде снабдуван со пакувана вода...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти и посочи дека партиите не треба шират хистерија.

-На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично.

СДСМ преку соопштение ја критикуваше изјавата на Мицкоски . Според нив требало да се консултираат експерти, од самиот почеток на кризата.од партијата велат дека по денови меѓусебно префрлање на одговорноста и различни изјави од надлежните, сега владата се повикува на стручни лица.

„Во нормална држава, експертите и надлежните институции ќе беа вклучени уште од првиот ден. Наместо тоа, јавноста слушаше политички изјави и објаснувања“, наведуваат од СДСМ.

Партијата бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и прашува кој ќе ја понесе одговорноста за, како што наведуваат, труењето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. 

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си.

До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот.

Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG).

Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените.

Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер