Научниците ја предупредуваат владата на САД да не брза со дозвола за вакцината против Ковид-19 - Канал 5

Научниците ја предупредуваат владата на САД да не брза со дозвола за вакцината против Ковид-19

Експертите за вакцини ја предупредуваат американската влада да не брза со вакцината за коронавирус пред тестовите да покажат дека е безбедна и ефикасна. Историјата покажува зошто тие се во право.

Научниците ја предупредуваат владата на САД да не брза со дозвола за вакцината против Ковид-19

Нивната загриженост дека американската Агенција за храна и лекови (ФДА) може да ја забрза постапката се интензивира откако директорот на ФДА, др. Стивен Хан за „Фајненшл тајмс“ изјави дека неговата институција размислува за итно овластување за употреба (ЕУА) на вакцината ппротив „ковид-19“ пред да заврши финалната фаза на клиничките испитувања, доколку податоците покажат дека вакцината може да ги заштити луѓето, пишува Си-Ен-Ен.

Директорот има овластување да дозволи употреба на неодобрени медицински помагала во итни случаи кога нема соодветни или одобрени алтернативи. EUA не е исто што и целосно одобрување и може да се повлече. Ова се случи со хидроксихлорокин и хлорокин. На 28 март, ФДА ја одобри ЕУА и за двата лека, кои беа промовирани и од американскиот претседател Доналд Трамп. Во текот на јуни, обете EUA беа укинати, откако студиите покажале дека се неефикасни и може да предизвикаат сериозни проблеми со срцето.

За да може вакцината да биде одобрена од ФДА, научниците мора да соберат доволно податоци преку клинички испитувања на голем број волонтери за да докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна против болеста. Откако ќе се соберат податоците, советниците на ФДА обично ги анализираат со месеци.

ЕУА е многу побрза постапка. Само еднаш досега ФДА издала итно одобрение за вакцина, но тоа било во невообичаени околности. Војниците поднеле тужби, тврдејќи дека им се слошило по задолжителната вакцинација против антракс, па судот ја запрел програмата. Министерството за одбрана побара од ЕУА во 2005 година да ја заобиколи судската одлука, па вакцинацијата на воениот персонал продолжи, овојпат на доброволна основа.

Инаку, сите вакцини треба да поминат низ комплетен клинички тест и процес на одобрување, што може да трае со месеци или години. Кога вакцините се брзаат, тогаш се појавуваат лоши резултати. Еве неколку примери од минатото:

На 12 април 1955 година, американската влада ја објавила првата вакцина за заштита од детска парализа. За неколку дена, лабораториите произведоа илјадници дози на вакцината. Серијата на една од компаниите, „Cutter Labs“, случајно содржела жив вирус на детска парализа и предизвикал епидемија. На повеќе од 200.000 деца им била дадена вакцина против детска парализа, но за неколку дена владата морала да ја прекине програмата.

"Околу 40.000 деца добија детска парализа. Некои добија лесна форма, неколку стотици деца останаа парализирани, а десет починаа", рече др. Хауард Маркел, педијатар, истакнат професор и директор на Центарот за медицинска историја на Универзитетот во Мичиген.

Владата на САД ја прекина програмата за вакцинација се додека не се утврди што тргнало наопаку.

Сепак, зголемениот надзор не успеал да открие друг проблем со вакцината против детска парализа. Од 1955 до 1963 година, 10-30 проценти од вакцината била контаминирана со симианскиот вирус 40 (SV40).

"Вирусот беше одгледуван на ткиво од мајмун. Овие мајмуни резус макаки беа увезени од Индија, пристигнаа десетици илјади животни. Тие беа чувани во кафези во групи и вирусот брзо се рашири меѓу мајмуните кои не умреле за време на патувањето", изјави за Си-Ен-Ен медицинскиот антрополог Лохлан Џејн, кој предавал историја на вакцини на Стенфорд и во моментов работи на публикација за инцидентот. Научниците погрешно мислеле дека формалдехидот што го користеле ќе го уништи вирусот.

"Така се пренесе вирусот на милиони Американци. Многумина сметаат дека ова прашање не е соодветно решено ниту денес", рече Џејн.

Некои студии покажаа можна врска помеѓу вирусот и ракот. Интернет-страницата на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), сепак, тврди дека повеќето студии се смирувачки и немаат врска. Ниту една вакцина денес не содржи вирус СВ40 и нема докази дека контаминацијата некому му наштетила, тврди ЦДЦ.

Во 1976 година, научниците предвиделе пандемија на нов вид грип наречен свински грип. Повеќе од 40 години подоцна, некои историчари ја нарекуваат епидемија на грип што не се случила.

„Тогашниот претседател Џералд Форд беше советуван од неговиот советник дека доаѓа пандемија на грип наречен свински грип и дека може да биде исто толку смртоносен како и шпанскиот грип“, вели Мајкл Кинч, професор по радиолошка онкологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, за Си-Ен-Ен. Неговата последна книга „Помеѓу надежта и стравот“ ја истражува историјата на вакцината.

"Форд беше убеден дека треба да одобри вакцина која беше подготвена набрзина. Кога се справувате со нов вид, треба да направите нешто и набрзина", рече Кинч.

Форд одлучил да ја направи имунизацијата задолжителна. Владата започнала програма и за седум месеци 40 милиони луѓе се вакцинирани против свински грип. Кампањата за вакцинација подоцна била поврзана со невролошко нарушување наречено Guillain-Barre синдром, кое може да се појави по инфекција или поретко по вакцинирање со жива вакцина.

„За жал, поради вакцината и фактот дека сè беше направено набрзина, имаше неколку стотици случаи на синдром Гилајн-Баре, иако не е сосема сигурно дека се поврзани“, објасни Кинч.

ЦДЦ објасни дека вакцините против свински грип имаат зголемен ризик од синдром Гилаин-Баре за еден дополнителен случај на секои 100.000 луѓе. Владата ја запре програмата за вакцинација за да испита што се случило.

"Тоа беше еден вид фијаско. Но, добрата вест е дека епидемијата на свински грип никогаш не се случи. Значи, бевме сигурни, но ова покажува што можеше да се случи", рече Маркел.

YouTube video

Потребни беа неколку инциденти за луѓето да добијат недоверба во вакцинацијата. Дури и откако илјадници деца се здобија со првата вакцина против детска парализа во 1955 година, родителите продолжија да ги вакцинираат своите деца. Тие имаа јасни сеќавања на епидемиите кои парализираа 13.000 до 20.000 деца годишно. Некои деца страдаа од толкава парализа што не можеа ни самите да дишат, па се потпреа на машините наречени железни бели дробови.

„Родителите се залагаа нивните деца да бидат први во редот за вакцината против детска парализа, бидејќи гледаа деца во железни бели дробови секое лето и беа преплашени“, изјави Маркел за Си-Ен-Ен.

Ставовите на луѓето започнаа да се менуваат помеѓу 1955 и 1976 година, со проблематичниот проект за вакцинација од свински грип.

"Имавме движење за граѓански права, луѓето гледаа како полицијата тепа луѓе на телевизија. Имавме Виетнамска војна и луѓето почнаа да се мразат. Имавме афера Вотергејт, при што претседателот буквално ги излажа луѓето. Тоа доведе до недоверба кон авторитетот на сојузната влада, и се прошири на лекарите и научниците. И продолжи да се шири како одминуваше времето “, објасни Маркел.

Маркел вели дека недовербата на луѓето кон системот ја прави идејата за брза постапка на ФДА пред последната фаза на клиничките испитувања да биде колосално глупава.

"Тоа е една од најбесмислените работи што сум ги слушнал од оваа администрација. Доволен е само еден лош несакан ефект за да се уништи програмата за вакцинација што очајно ни е потребна за борба против вирусот. Тоа е рецепт за катастрофа", предупреди Маркел.

Директорот на ФДА Хан вели дека одлуката за вакцината треба да се заснова на податоци, а не на политика, но Кинч ја споделува загриженоста на Маркел.

„Ова може да предизвика значителна штета“, рече Кинч, кој и самиот како пациент учествувал во едно од испитувањата за вакцини и смета дека клиничките испитувања треба да се спроведат до крај. Предвремена ЕУА за вакцината може да предизвика кошмар од повеќе причини.

Една од нив е дека вакцината можеби не е безбедна. Второто е дека луѓето ќе ја изгубат вербата во вакцините ако не е безбедна. Третото е дека луѓето ќе имаат лажно чувство на сигурност доколку вакцината не обезбеди целосна заштита. Четврто е дека подобра вакцина можеби никогаш нема да биде одобрена доколку супстандардна вакцина добие EUA, затоа што луѓето нема да сакаат да учествуваат во испитувања.

„Луѓето ќе умрат непотребно ако ризикуваме, ова треба да се направи правилно“, заклучи Кинч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер