Научниците ја откриле можната причина зошто заразата со омикрон е поблага отколку со делта - Канал 5

Научниците ја откриле можната причина зошто заразата со омикрон е поблага отколку со делта

Научниците ја идентификувале можната причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирус.

Научниците ја откриле можната причина зошто заразата со омикрон е поблага отколку со делта

Истражувањата покажале дека омикронот е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку делта варијантата, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија во списанието Cell Research.

„Нашата студија за прв пат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест“, рече Мартин Михаелис од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спровел студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.

„Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки.“

Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта се покажала како „поуспешна“ од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.

Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичен имунолошки одговор треба да се разликува од специфичен имунолошки одговор на кој е потребно подолго време за да се активира. Специфичен имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген, објави СајенсДејли..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење, а во меѓувреме, градот ќе продолжи да биде снабдуван со пакувана вода...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти и посочи дека партиите не треба шират хистерија.

-На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично.

СДСМ преку соопштение ја критикуваше изјавата на Мицкоски . Според нив требало да се консултираат експерти, од самиот почеток на кризата.од партијата велат дека по денови меѓусебно префрлање на одговорноста и различни изјави од надлежните, сега владата се повикува на стручни лица.

„Во нормална држава, експертите и надлежните институции ќе беа вклучени уште од првиот ден. Наместо тоа, јавноста слушаше политички изјави и објаснувања“, наведуваат од СДСМ.

Партијата бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и прашува кој ќе ја понесе одговорноста за, како што наведуваат, труењето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. 

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си.

До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот.

Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG).

Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените.

Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со температура од 30 до 35 степени.

Според Управата за хидрметеоролошки работи денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево со температура од 30 до 35 степени.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од утре следува период на стабилно. сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер