Научниците го објаснуваат „вселенскиот прашалник“, снимен со телескопот „Џејмс Веб“ (ВИДЕО) - Канал 5

Научниците го објаснуваат „вселенскиот прашалник“, снимен со телескопот „Џејмс Веб“ (ВИДЕО)

Снимен од моќниот вселенски телескоп Џејмс Веб, светлиот, карактеристичен објект очигледно има форма на прашалник, оставајќи ги астрономите да се прашуваат дали универзумот нè задева или можеби нè мотивира да продолжиме да бараме тајни во вселената.

Научниците го објаснуваат „вселенскиот прашалник“, снимен со телескопот „Џејмс Веб“ (ВИДЕО)

Меѓутоа, по извесно време анализирање на фотографијата, научниците веруваат дека таа најверојатно прикажува пар галаксии кои се спојуваат, додека перспективата на телескопот го прави настанот да има форма на познатиот правописен знак.

„Веројатно се работи за далечна галаксија, или можеби галаксии во интеракција, чии дејства би можеле да создадат искривена форма на прашалник. Потребно е дополнително набљудување за да се утврди со сигурност што е тоа“, соопшти Институтот за вселенски телескоп во Балтимор, додавајќи дека ова би можело да биде првпат астрономите да го видат космичкиот прашалник, пишува Дигитал Трендс.

Видеото со тој знак беше објавено на крајот на јуни, но дури сега почна да привлекува големо внимание.

Главниот дел од видеото е детален приказ на две активно формирани млади ѕвезди (Herbig Hero 46/47) оддалечени 1.470 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Џедра. Ѕвездите се опкружени со диск од материјал кој ги храни додека растат. Прашалникот може да се види само во позадина на дното на сликата.

YouTube video

Телескопот Џејмс Веб, кој е оддалечен повеќе од милион и пол километри од Земјата, неодамна ја прослави својата прва година од работењето објавувајќи уште една неверојатна слика од длабоката вселена.

Проектот од десет милијарди долари е соработка помеѓу НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција. Целта е револуционерни откритија за потеклото на универзумот додека истовремено се бараат далечни планети каде што е можен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Италијанската влада донесе декрет со законска сила кој предвидува поголемо домашно производство на нафта и гас за да се намали зависноста од увоз.

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Декретот предвидува мерки за поттикнување на производството, вклучително и назначување на владини комесари кои треба да им помогнат на регионите да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводород.

Мелони: Побрзи дозволи и помалку увоз

„Сакаме да продолжиме да го зголемуваме домашното производство на нафта и гас бидејќи нема многу смисла да се купува таа енергија од странство кога можеме да ја произведуваме тука во Италија“, рече премиерката Џорџија Мелони во видео порака во четврток, додавајќи дека токму тоа е целта на мерката одобрена од Советот на министри.

Регулативата содржи „итни мерки поврзани со цените на нафтата, со оглед на моменталната криза на меѓународните пазари, како и стратешката енергетска инфраструктура и активности“. Рим ќе може да назначува комесари кои ќе им помогнат на регионите да ги намалат административните пречки и значително да го забрзаат издавањето дозволи и концесии за истражување и експлоатација на јаглеводороди, рече Мелони.

„Италија не може да си дозволи да чека децении за да се реши концесијата“, нагласи таа.

Очекувани ефекти врз економијата

Владата го гледа зголемувањето на домашното производство како инструмент за намалување на трошоците за енергија за домаќинствата и бизнисите, зајакнување на енергетската безбедност и ублажување на изложеноста на промените во цените на увезените горива.

Повисокото производство треба да донесе и приходи од концесиски надоместоци и бенефиции за економијата и нови работни места во регионите каде што ќе се вади нафта и гас, а во исто време да се зголеми безбедноста на снабдувањето и да се намали зависноста од увоз, бидејќи промените во цените на увезените енергетски производи ја оптоваруваат економијата и јавните финансии, забележува деловниот весник „Il Sole 24 Ore“.

Клучни наоѓалишта: Вал д'Агри и Арго-Касиопеа

Порталот “Milano Finanza’ наведува дека мерките ќе ги опфатат и домашните копнени наоѓалишта, како што е Вал д'Агри, кој произведува околу 85 проценти од суровата нафта на Италија и 30 проценти од нејзиниот гас, и крајбрежните наоѓалишта како што е Арго-Касиопеа во Сицилијанскиот канал.

Италијанската подружница на „Шел“, која поседува 25 проценти од акциите во полињата Вал д'Агри и Темпа Роса, оваа пролет изјави дека доколку бидат одобрени нови бунари, Вал д'Агри би можел да го удвои сегашното производство од околу 40.000 до 80.000 барели нафта дневно, објави „Алијанс њуз“, забележувајќи дека капацитетот се проценува на 120.000 барели дневно.

Реакции на опозицијата

Овој потег веќе предизвика критики од опозицијата. Лидерот на партијата Зелено-левичарска Алијанса (AVS), Никола Фратоани, изјави дека лобистите за нафта и гас „го освоиле Палацо Чиги“, седиштето на италијанската влада.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница

На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски. 

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, одиме на убедлива победа за подобра Брвеница

Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер