Научниците докажале дека вакцините на Фајзер и Модерна обезбедуваат долгогодишен имунитет - Канал 5

Научниците докажале дека вакцините на Фајзер и Модерна обезбедуваат долгогодишен имунитет

Вакцините на Pfizer и Moderna можат да обезбедат имунитет на коронавирусот што ќе трае со години, можеби цел живот, тврди новата студија.

Научниците докажале дека вакцините на Фајзер и Модерна обезбедуваат долгогодишен имунитет

Студијата објавена денеска, сугерира дека на повеќето луѓе кои биле вакцинирани со некои од mRNA вакцините, нема да им треба трета доза од вакцината, но под еден важен услов: да не се појават значителни мутации кај новите соеви.

„Резултатите од студијата ни покажуваат колку долготраен имунитет се стекнува со вакцинација“, изјави за Њујорк Тајмс, Али Елебеди, имунолог од Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис, кој го водел истражувањето.

Студијата, објавена во списанието „Nature“, не се осврнала на вакцините „Џонсон и Џонсон“, но Елебеди очекува дека имунитетот после таа вакцина сепак ќе биде послаб од оној што го даваат вакцините на Фајзер и Модерна.

Минатиот месец, Елебеди и неговите колеги објавија дека клетките што ги препознаваат вирусите останале во коскената срцевина најмалку осум месеци по инфекцијата со коронавирус. Друг тим истражувачи откриле дека лимфоцитите во меморијата Б продолжуваат да созреваат и зајакнуваат најмалку една година по инфекцијата.

Овие откритија сугерираат дека имунитетот може да трае со години, можеби цел живот, кај луѓето кои биле заразени и подоцна ја примиле вакцината. Научниците сè уште не се сигурни дека истата ситуација е можна кај луѓето кои стекнале имунитет само со вакцинација, без да прележат ковид-19.

По закрепнувањето од инфекција или вакцинација, во лимфните јазли се создава специјализирана структура наречена герминативен центар, која истражувачите откриле дека сепак е многу активна кај сите учесници во студијата 15 недели по првата доза на вакцината.

„Фактот што активноста продолжи скоро четири месеци по вакцинацијата е многу, многу добар знак“, изјави Елебеди за „Тајмс“. Активноста на герминативните центри обично достигнува максимум една до две недели по вакцинацијата, а потоа се намалува.

„Обично по четири до шест недели не останува активност“, изјави за Тајмс Дипта Батачарија, имунолог од Универзитетот во Аризона. Сепак, герминативните центри кои се формираат по mRNA вакцината остануваат активни дури и по неколку месеци. „Дури и тогаш, не гледаме значителен пад на активноста кај повеќето луѓе“, рече Бхатачарија.

Резултатите од студијата сугерираат дека огромното мнозинство на вакцинирани лица ќе бидат заштитени на долг рок - барем од постојните соеви. Луѓето кои ја прележале короната и подоцна биле вакцинирани, можеби никогаш нема да треба да се вакцинираат против коронавирусот, велат експертите.

Сепак, старите лица, луѓето со слаб имунолошки систем и оние кои земаат лекови кои го потиснуваат имунитетот, можеби сè уште ќе треба да примаат дополнителни дози на вакцината.

„Како што вирусот мутира, така се менуваат и видовите кои подобро го избегнуваат имунитетот стекнат со вакцинацијата“, изјави шефот на американската јавна здравствена служба, д-р. Вивек Мурти за Си-Ен-Ен.

"Клучот е да се вакцинираат. Со двете дози", рече Мурти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. 

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.

Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно.

Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ.

И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012).

Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот.

Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.

Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.

Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел.

Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Беспилотно летало погоди прометна плажа на Црното Море во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, Русија ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Несреќата се случила на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, таа е популарна дестинација за одмор за русите, особено откако санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер