ЗдравјеНаучниците докажале дека секој петти човек е во потенцијална опасност од тежок облик на ковид-19 Приближно 1,7 милијарди луѓе, или повеќе од една петтина од светската популација, се изложени на ризик од тешка форма на ковид-19 заради придружните заболувања како што се срцеви заболувања или дебелина, покажа анализата.Новиот коронавирус, од кој што починаа повеќе од 420.000 луѓе во првиот бран на пандемијата, ги погодува пациентите со позначајни коморбидитети, односно основните болести. Група експерти од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина ги анализирале глобалните податоци за низа заболувања како што се дијабетес, заболувања на белите дробови и ХИВ инфекцијата за да проценат колку луѓе во светот имаат поголема предиспозиција за развој на потежок облик на ковид-19. Откриле дека секое петто лице во светот има барем едно основно заболување кое ги става под поголем ризик. И додека не сите ќе развијат сериозни симптоми во случај на инфекција, научниците предвидуваат дека околу четири проценти од светската популација, 350 милиони луѓе, веројатно ќе завршат во болница. „Земјите излегуваат од карантин и владите бараат начини да ги заштитат најранливите од вирусот што сè уште циркулира“, рече еден од авторите, Ендрју Кларк. Тој додава дека резултатите од студијата би можеле да им помогнат на владите да направат листа со приоритети на вакцинацијата откако ќе се пронајде вакцината против „ковид-19“. Во согласност со резултатите од другите студии, авторите заклучиле дека постарите лица се изложени на поголем ризик од развој на потешка форма на болеста. Имено, помалку од пет проценти од глобалното население под 20-годишна возраст има некаков поврзан фактор на ризик, во споредба со две третини на возраст над 70 години. Ризикот не е рамномерно распореден насекаде, велат научниците. На пример, островските држави како Фиџи и Маурициус имаат највисоки стапки на дијабетес во светот, познат фактор на ризик за потешка форма на ковид-19. Лекарите предупредуваат дека земјите со висока стапка на ХИВ, како што е Кралството Есватини и Лесото, мора да бидат особено внимателни. Се покажа дека во Европа, 30 проценти од населението веќе страда од најмалку една здравствена состојба што би можела да го комплицира заболувањето со коронавирусот. Научниците велат дека студијата покажа дека е време пристапот, кој е ист за сите, да се развие во таков што ќе се фокусира на луѓето со најголем ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСе гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања. Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање. „И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“. Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години. Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп. Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување. Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПетрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти. Ова го изјави бугарската министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија каде присутвува и македонска делегација.според неа, -Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе БГНЕС. Бугарскиот министерот за транспорт Георги Пеев утринава изјави дека Бугарија и Македонија веќе презеле конкретни чекори за забрзување на изградбата на Коридорот VIII. Тој нагласи дека проектот има не само транспортно, туку и стратешко значење за безбедноста на регионот. Пренесува БГНЕС. Тој додаде дека со оглед на конфликтите и војните во близина на регионот, изградбата на транспортни коридори добива уште поголемо значење.во врска со чекорите за изградба на Коридорот 8, рече:„веќе дека постои заеднички комитет со македонската страна, кој одржал два состанока - еден во Софија и еден во Скопјe. Таму изготвивме конкретен план. Сите проекти се одвиваат со забрзано темпо.“„најтежок е заедничкиот тунелски објект меѓу Бугарија и Македонија. Таму, бугарија ќе биде водечка земја, таа ќе ги додели процедурите. Ова е најголемиот предизвик бидејќи станува збор за тунелски објект кој бара соодветни напори“, објасни тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во пестоВо четврток (01.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Виктор Димитриевски.Состојки за денешниот рецепт: 3 парчиња пилешки стек 100 гр. фета сирење 1 домат 1 тегличе песто сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook