Научниците докажаа : Доколку Земјата се загрее за 2 степена , ќе исчезнат половина од лозјата

Повеќе од половината од постојните лозја на светот би можеле да исчезнат доколку Земјата се загрее за 2 Целзиусови степени, цел поставена со Парискиот договор, но доколку се загрее за 4 степени, 85 проценти би исчезнале.

Американски и француски научници од Националниот институт за истражување во земјоделството, производството на храна и животната средина вчера ја објавија својата студија во американското списание „PNAS“.

Тие развиле модел за 11 најпознати сорти во светот и ги комбинирале овие податоци со проекции за глобалното затоплување.

Нивната студија открила дека 56% од денешните лозарски области не би биле погодни за одгледување винова лоза во случај на глобално затоплување за 2 степени Целзиусови, или 85% од лозовите насади ќе исчезнат ако земјата се загрее за 4 степени.

За возврат, други области би станале поволни за производство на вино.Најголеми губитници би биле oбластите кои веќе имаат топла клима, медитеранските земји како Италија или Шпанија кои би изгубиле 65 проценти од нивните лозја.

Од друга страна, лозарските подрачја на поголеми височини, како на пример во Нов Зеланд или северниот дел на САД, ќе добијат нови области за лозарство, од 15 до 100 проценти, во зависност од сортите.

Земјите со умерена клима, како Франција или Германија, би изгубиле и би добиле во еднакви пропорции, околу 20 проценти.

Научниците посочуваат дека загубите би можеле да се компензираат со промените во одгледувањето одредени сорти на грозје, а во тој случај загубите би можеле да се намалат од 56 на 24 проценти доколку температурата се покачи за 2 степена. Во случај Земјата да се загрее за 4 степени, загубите може да се намалат од 85 на 58 проценти со преминување на култивирање на други сорти.

Доцните и сортите толерантни на топло, како што се шираз, гранаж и мурведр , би можеле да се развијат повеќе во сегашните области, а денешните рани сорти како црниот пињон или шардоне би можеле да се прошират во нови региони.

Ваквите промени ќе претставуваат комплексни предизвици, но тие не се непремостливи, велат авторите на студијата.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер