Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
2Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
3Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот
ТехнологијаНаучниците докажаа : Црните дупки не се тродимензионални , туку како холограмиСите веројатно сè уште се сеќаваме на првата снимка на црна дупка во историјата што беше објавена пред една година.Сепак, според новата студија на италијански научници, црните дупки всушност би можеле да личат на холограми, во кои сите информации се наоѓаат на дводимензионална површина што може да репродуцира тродимензионална слика. Интересно, зарем не? Според студијата, овие фасцинантни вселенски објекти се исклучително сложени и содржат огромна количина на информации на дводимензионалната површина, како најголемиот хард диск што постои, што одговара на квантните предвидувања. Но, оваа идеја исто така се совпаѓа со теоријата за релативност на Ајнштајн, која ги опишува црните дупки како тродимензионални, едноставни, кружни и мазни. Накратко, црните дупки според оваа теорија „изгледаат“ тридимензионално, исто како холограмите, кои усогласуваат две навидум недоследни теории, пишува Phys.org. Истражувањето е спроведено од научници од Scuola Internazionale Superiore di Studi Avanzati (SISSA), Меѓународниот центар за теоретска физика (ICTP) и италијанскиот Национален институт за нуклеарна физика (INFN). За астрофизичарите, црните дупки се проблем од неколку причини. На пример, тие сметаат дека е тешко да се помират принципите на општата теорија на Ајнштајн за релативноста со принципите на квантната физика. Според првата теорија, тоа треба да биде едноставно просторно тело без информации. Според квантната, според Џејкоб Бекенштајн и Стивен Хокинг, црните дупки се „најсложените постојни системи“ затоа што се карактеризираат со огромна „ентропија“ и според тоа содржат голема количина на информации. Во оваа последна студија, физичарот Франческо Бенини од СИСАА, ИКТП и ИНФН и физичарот Паоло Милан од СИСАА и ИНФН користеле скоро 30-годишна идеја наречена холографски принцип за да ги помират двете спротивставени теории ; теорија на релативноста која ги опишува црните дупки како сферични, мазни и едноставни и квантната теорија која ги опишува како крајно сложени и полни со информации. „Овој револуционерен и донекаде контраинтуитивен принцип сугерира дека однесувањето на гравитацијата во дадена област може алтернативно да се опише како различен систем што постои само долж работ на таа област и со тоа има една димензија помалку. И уште поважно, гравитацијата не е неопходна во овој алтернативен опис, кој се нарекува холографски. Со други зборови, холографскиот принцип овозможува да се опише гравитацијата на јазик што не содржи гравитација, со што се избегнува конфликт со квантната механика “, напишаа експертите во студијата. "Бевме во можност да примениме холографска теорија на принципите на црните дупки. На овој начин, нивните мистериозни термодинамички својства станаа разбирливи. Ако се користи претпоставката дека овие тела имаат голема ентропија и ги набљудуваат низ призмата на квантната механика, тогаш можеме да ги опишеме како холограми: тие имаат две димензии , при што гравитацијата исчезнува, но тие го репродуцираат предметот во три димензии “, објаснуваат тие. Студијата наречена Black Holes in 4D N=4 Super-Yang-Mills Field Theory е објавена во списанието Physical Review X.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!Со вистински насоки, секој дом може да зрачи со елеганција и хармонија.Домовите на дизајнерите за ентериер често делуваат посмирено, пофункционално и поскладно од просечните домови. Не затоа што располагаат со неограничен буџет, туку зашто избегнуваат грешки кои секојдневно ги гледаат кај своите клиенти. Нивните одлуки не се импулсивни, зад секој избор постои логика, искуство и јасна намера. Еве кои навики свесно ги прескокнуваат, а кои може да ги примените во својот дом, било да станува збор за нова градба или стара градска зграда. Не почнуваат од боите на ѕидовите Една од почетните грешки е бојата на ѕидовите да се избере на самиот почеток. Дизајнерите речиси никогаш не прават така зашто нијанси има безброј, па полесно е да се прилагоди бојата на ѕидот на мебелот и текстурата отколку обратно. Наместо да го затворат просторот со погрешна нијанса на сина или сива, прво избираат тепих, завеса, софа, постелнина и трпезариска маса. Дури потоа, кога сите елементи ќе легнат на свое место, бараат тон што ќе ги поврзе во целина. За бојата размислуваат и преку атмосферата на просторот. Посветли, поенергични нијанси оставаат за дневните простори, додека потопли и посмирени тонови се резервирани за спалните. Во помалите станови, какви што има многу во големите градови, темни ѕидови на сите страни лесно може да го „изедат“ просторот, додека внимателно избрани светли нијанси го отвораат просторот и му даваат леснотија. Не купуваат големи парчиња поради трендот Професионалците во сопствениот дом ретко инвестираат во софа само затоа што е популарна на социјалните мрежи. Поголемите и скапи парчиња, како софа, шкаф, или трпезариска маса, ги избираат во неутрални бои и форми што траат. Трендовите ги следат преку деталите: перници, ламби, вазни, ќебиња или постелнина. Така просторот може да го освежат без големи трошоци и без чувство дека наскоро мора да го менуваат целиот ентериер. Не го претрпуваат просторот Уште една работа што дизајнерите ја избегнуваат е нередот, премногу мебел и декорации. Дури и најубавото парче мебел ја губи вредноста ако нема „простор да дише“. Постојат два едноставни теста: дали можете да се движите без да се удирате со ќошевите од мебелот и дали просторот изгледа хаотично штом ќе влезете во него. Посебно се внимателни при комбинирање на примероците и темните тонови. Премногу принтови или темни површини во мал стан даваат чувство на тесен простор. Помали работи на видливи површини и внимателно избирање на боите често даваат подобар резултат од купот детали. Функцијата пред естетиката Кога избираат мебел за себе, дизајнерите прво се прашуваат кој ќе го користи и на кој начин. Дури потоа доаѓа естетиката. Кај софите, на пример, поважна е удобноста, наслонот за грбот и издржливоста на материјалите, отколку самата боја. Ако во домот има деца или домашни миленици, лесното одржување е пресуден фактор при изборот на мебел. Во малите станови, каде секој квадрат е драгоцен, секое парче мора да има цел. Убав и неупотреблив мебел само зазема простор и создава фрустрација. Не избираат само една ламба Осветлувањето за дизајнерите е клучно за атмосфера. Едно светло на плафонот речиси никогаш не е доволно. Наместо тоа, комбинираат повеќе извори на светлина, лустер или ламба на плафонот со подни, столни ламби, ѕидни светилки и дискретни ЛЕД ленти. Осветлувањето му дава карактер на просторот. Интересен лустер во кујната или елегантна висечка лампа под креветот може целосно да го промени впечатокот, дури и кога останатиот мебел е едноставен. Не го уредуваат домот за да биде „виден“ Најважна лекција: Дизајнерите не го уредуваат својот дом за да ги исполнат туѓите очекувања. Иако ги знаат правилата, дома често свесно ги кршат. Наместо да се прашуваат што е исправно во моментот, тие размислуваат што навистина им годи. Ако тоа вклучува повеќе билки од вообичаено, полици со книги во куната или столица која не се вклопува совршено, но е најудобна, така и ќе биде. Во становите во кои се мешаат наследени парчиња, нов мебел и пристапни набавки од големите синџири, токму тој опуштен пристап често дава најдобри резултати. Можеби таквиот простор не е совршен за социјалните мрежи, но е совршен за секојдневниот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Живот Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малерСреќата во домот се гледа на влезот. Погледнете што не треба да чувате во ходникот.Според народните верувања, ходникот не е само место каде ги оставаме јакните, чевлите и клучевите, туку место каде почнува атмосферата во домот, а некои предмети може да донесат застој, малер и немир. Што открива ходникот за домот? Според народната традиција, оштетено огледало се поврзувало со немир и нарушена хармонија меѓу домашните. Затоа се советува таквото огледало веднаш да се отстрани и да се замени доколку забележите пукнатина. Истото важи и за застанат часовник. Ако батеријата не работи, а сказалките стојат во исто место, таквиот предмет во домот симболизира застој. Работата не оди како што треба, плановите се одложуваат, а работите никако да тргнат на подобро. Во ходникот нема место ни за свенато цвеќе, зашто според народните верувања тоа симболизира нешто што поминало и во што повеќе нема живот. Без оглед на верувањата, овие работи прават ходникот да изгледа запуштено. Скршените работи во ходникот привлекуваат лоша енергија. Чадор со скршена жица, лабава закачалка за облека, чевли со одлепени ѓонови, или кој било друг предмет кој чека да биде „поправен“, сето тоа спаѓа во категоријата што често се спомнува во народните верувања поврзани за домот. Според овие верувања оштетените предмети симболизираат нешто скршено или недовршено, затоа не се препорачува нивно чување во простории низ кои секојдневно поминувате. Практичното правило е едноставно, ако нешто со месеци чека за поправка, одлучете кога ќе го поправите или изнесете го од домот. Огледало поставено спроти врата се смета за лош знак. Во традицијата на фенг шуи, често се вели дека огледалото свртено кон влезната врата ја враќа енергијата назад низ вратата, па се препорачува тоа да стои на бочниот ѕид, а не наспроти влезната врата. Во помалите станови тоа не може секогаш лесно да се изведе, но ако постои можност доволно е огледалото да се помести на страна. Така просторот ќе изгледа попростран. Без оглед дали верувате во народните верувања или на нив гледате како на интересен дел од традицијата, едно е сигурно: уредниот ходник ослободен од непотребни работи го прави домот попријатен и попривлечен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСлушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО) Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“. Поставена е стапица во кафез Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда. Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното. Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот. Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот. Благодарност до учесниците во операцијата Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба. Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом. Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.Тагови: надгробен споменик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook