ЗдравјеНаучници откриваат шокантно влијание на една непроспиена ноќ врз имунолошкиот системДолготрајниот лош сон одамна е поврзан со зголемен ризик од дебелина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.Сега група истражувачи во Кувајт откриле дека само една ноќ на немирен сон ги зголемува воспаленијата во телото, намалувајќи ја природната одбрана на телото од повреди и инфекции. За време на нормалниот сон, луѓето обично доживуваат пад на крвниот притисок и опуштање на крвните садови. Но, со анализа на моноцитите, имунолошките клетки клучни за одбрана на телото од бактерии и вируси, тие откриле дека овој „физиолошки процес е нарушен“, што влијаело врз функционирањето на имунолошкиот систем. Д-р Фатема Ал-Рашед, имунолог и микробиолог на Институтот за дијабетес Дасман, која ја водела студијата, изјавила: „Напредокот во технологијата, зголеменото време пред екранот и промената на социјалните норми сè повеќе ги нарушува редовните часови на спиење. Ова нарушување на спиењето има длабоки последици врз здравјето на имунолошкиот систем и целокупната благосостојба“. Една непроспиена ноќ предизвикала промена на профилот на моноцитите Во една мала студија, истражувачите следеле пет учесници во текот на 24 часа, кои имале здрав индекс на телесна маса. Пред и по испитувањето, им била земена крв, а во текот на тие 24 часа не спиеле. По само една непроспиена ноќ, профилот на моноцитите кај волонтерите се променил. Пишувајќи во „The Journal of Immunology“, истражувачите изјавиле: „Оваа студија ја нагласува важноста на квалитетот на спиењето врз регулирањето на имунолошките реакции и воспаленијата кај дебелината, што укажува на тоа дека со подобрување на квалитетот на сонот може да се намалат воспаленијата и да се подобрат здравствените резултати“. Дебелите луѓе имаат понизок квалитет на сон и повисоки нивоа на воспаление Во друг експеримент за време на студијата, истражувачите, исто така, регрутирале 237 здрави возрасни лица со различна висина и тежина и земале примероци од крв од секој учесник за да ги утврдат нивоата на моноцити и воспалителни маркери. Учесниците, исто така, ја следеле својата исхрана, физичка активност и режимот на спиење во текот на целата недела, носејќи акцелерометар. Резултатите покажале дека луѓето со дебелина имале понизок квалитет на сон и повисоки нивоа на воспаление. Од 38 тестирани воспалителни биомаркери, 13 маркери биле значително променети кај учесниците со прекумерна тежина во споредба со оние кои биле со нормална тежина. Истражувачите изјавиле дека се надеваат оти идните студии ќе испитаат зошто настануваат промени во имунолошкиот систем поради лишувањето од сон. Несоницата може да биде предизвикана од стрес, пушење, работа во смени... „На крајот на краиштата, ова може да помогне да се ублажи оптоварувањето кај воспалителните заболувања како што се дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните болести“, изјвила д-р Ал Рашед. Лошиот сон е поврзан со многу здравствени проблеми, вклучувајќи рак, мозочен удар и неплодност. Несоницата може да биде предизвикана од стрес, анксиозност, алкохол, кофеин, никотин, бучава, работа во смени и редовно летање низ разни временски зони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо НагоричанеДоживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата. Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски. Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинетиКонстатирани 161 прекршок.На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети). При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци. Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
СветПилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)Пилот на „Сауди ерлајнс“ (SV) загина, а еден од авионите на авиокомпанијата беше сериозно оштетен во вчерашниот напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ (RUH) во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.Саудиската национална авиокомпанија ја потврди смртта на пилотот и штетата на авионот, велејќи дека во времето на инцидентот немало патници во авионот. Авиокомпанијата го идентификуваше пилотот како капетан Хамуд Али ал-Калтами. Не откри кој авион е оштетен, ниту даде дополнителни детали за околностите на неговата смрт. Саудиската изјава следеше по извештаите на новинските агенции дека авионот на авиокомпанијата претрпел сериозна штета и се запалил додека бил паркиран на терминалот на аеродромот. Извори цитирани од агенцијата велат дека штетата можела да биде предизвикана од остатоци од пресретната ракета или директен удар од ракета. Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа патнички авион „Ербас А320“ паркиран на аеродромот со уништен поголем дел од трупот. Достапните снимки, исто така, сугерираат дека траката за слетување се олабавила или е уништена. Нема официјална потврда дека авионот е оној што го спомена Саудиска Арабија во своето соопштение, ниту пак е објавен точниот обем на штетата. WATCH: Footage confirms a Houthi strike hit a stationary aircraft at Riyadh Airport, Saudi Arabia. https://t.co/0FLJXDyA4U — Clash Report (@clashreport) October 8, 2026 Нападите на Хутите го нарушија сообраќајот на аеродромот во Ријад Движењето Хути во Јемен ја презеде одговорноста за нападот со балистички ракети врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ на 8 октомври 2026 година. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала две балистички ракети над Ријад. Саудиските власти изјавија дека остатоците од пресретнатата ракета паднале врз градинка и медицински комплекс во Ријад. 🇸🇦| Riyadh Airport, Planes Ablaze: An "Airport Within an Airport" Becomes Reality | October 8, 2026 Saudi Arabia spent tens of billions of dollars transforming King Khalid Airport into a "global aviation hub." Today, that vision was realized. An airport within an airport. The planes are still there. The runways remain. Perfumes still sit on the shelves of the duty-free shops. Yet not a single aircraft can take flight. Saudi Civil Defense calls this "property damage." A Saudia A310 reduced to a heap of scrap metal on the tarmac. That is called property damage. Missile debris raining down on a kindergarten and a clinic. That, too, is called property damage. Tabuk closed for 11 hours. Yanbu closed for 12 hours. Riyadh closed for 30 minutes, with nine planes circling overhead, afraid to land. Saudi Arabia's "Vision 2030" aimed to create a global aviation hub. Today, it achieved that goal ahead of schedule: zero delays, zero congestion, zero accidents. Zero flights. Brigadier General Saree issued a statement: "A final warning." This is not a threat. It is free customer service, the Yemeni Armed Forces offering risk advisories to international airlines so they don't become the next exhibit on the tarmac. Your warplanes take off from Khamis Mushait to bomb hospitals, homes, and weddings in Yemen. Now, your airport has transformed into a facility where planes can park, but cannot fly. An airport, yet not an airport. An airport within an airport. That equation was burned into reality today on the runways of Riyadh. — Aprajita Nafs Nefes 🦋 Ancient Believer (@aprajitanefes) October 8, 2026 Нападот следеше по претходните напади врз аеродромите во Ријад и Абјан на 6 и 7 октомври, во кои, според саудиските воздухопловни власти, загинаа три лица, а 36 беа повредени. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ријад беше сериозно нарушен на 8 октомври. Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија: Тројца загинаа, 36 беа повредени, употребена е балистичка ракета Според податоците од компанијата за анализа на воздушниот сообраќај „Цириум“, 169 од 378 закажани појдовни летови тој ден беа откажани или не беа реализирани. Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до саудискиот главен град, вклучувајќи ги „Луфтханза“ и „Ер Индија“.Тагови: авион пилотот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18