Научници откриваат кој вид на кафе се поврзува со канцер, а кое кафе е најздраво - Канал 5

Научници откриваат кој вид на кафе се поврзува со канцер, а кое кафе е најздраво

Инстант кафето е најчестиот избор на љубителите на кафе во Европа, но експертите предупредуваат дека прекумерното консумирање на ова кафе може да го зголеми ризикот од некои видови на рак. 

Научници откриваат кој вид на кафе се поврзува со канцер, а кое кафе е најздраво

Причината за тоа е што инстант кафето содржи двојно повеќе акриламид од меленото кафе - хемиско соединение кое се формира при готвење на храна и варење кафе на високи температури.

Акриламидот е прогласен за „веројатен канцероген“ од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), што значи дека постојат докази дека ова соединение може да предизвика рак кај луѓето. Лабораториските студии покажаа дека акриламидот во исхраната може да предизвика рак на белите дробови и репродуктивните органи кај животните, а научниците се согласуваат дека постои потенцијал акриламидот да предизвика рак и кај луѓето, според Агенцијата за стандарди за храна (FSA).

Едно полско истражување од 2013 година кое анализирало 42 примерока на кафе, вклучително и десет примерока од инстант кафе, покажало дека инстант кафето содржи двојно повеќе акриламид од свежо меленото кафе. Сепак, според истражувачите од Универзитетот Мекгил во Канада, треба да се испие околу десет шолји инстант кафе дневно за количината на внесен акриламид да стане загрижувачка.

Иако инстант кафето содржи акриламид, тоа исто така содржи повеќе антиоксиданси од меленото кафе, што може да ги заштити клетките од оштетување. д-р. Пал Маурович-Хорват, директор за медицинска дијагностика на Универзитетот Семелвајс во Будимпешта, вели дека инстант кафето содржи меланоидин, антиоксиданс кој ја зголемува разновидноста на бактериите во цревата, што може да помогне во заштитата од болести.

Филтер кафето кое се подготвува така што меленото кафе и жешката вода поминуваат низ хартиен или метален филтер, се смета за една од најздравите форми на кафе. Норвешките истражувачи ги проучувале навиките за пиење кафе на 500.000 луѓе во текот на две децении и откриле дека четири шолји филтер кафе дневно може да го намалат ризикот од болести на артериите, кои се главна причина за срцев удар.

Кафето на база на еспресо, како капучино, лате и „флат вајт“ се поврзани со придобивки за мозокот, вклучувајќи го и намалениот ризик од Алцхајмерова болест. Една италијанска студија од 2023 година покажала дека екстрактите од еспресо го намалуваат акумулирањето на токсичниот тау протеин, кој е еден од клучните фактори во развојот на деменција, кога се мешаат со мозочни примероци во Петриеви садови.

Откриено е дека кофеинот го намалува акумулирањето на амилоид, намалува воспаленија и изумирање на клетките во мозокот, што може да го намали ризикот од деменција. Сепак, според Здружението за Алцхајмерова болест, овие тврдења досега се потврдени само кај глувци, но не и кај луѓе, така што врската сè уште не е целосно докажана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности.

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер