Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
2Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
315 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
НаукаНаучници откриле неверојатни видови во Атлантскиот ОкеанЗа време на експедицијата што траеле речиси еден месец, научниците во Атлантикот откриле суштества кои совршено би се вклопиле во ново продолжение на филмскиот хит-серијал „Осмиот патник“.Пипци долги осум метри и проѕирната глава.... Станува збор за исклучително вредни научни откритија. Неочекувани изненадувања ги пречекаа истражувачите на околу 1.300 километри од брегот на Бразил, во една од најмалку истражените области на Атлантскиот Океан. Најголемо внимание привлече ретката лигња со големи перки, чии тенки пипала налик на нишки можат да достигнат должина и до осум метри. Научниците успеаја да ја снимат на длабочина од 3.634 метри, што ја прави најдлабоко забележаната лигња во светот. Големо изненадување претставуваше и рибата *Winteria telescopa*, позната под прекарот „риба-привидение“ (spookfish). Таа има проѕирна глава и необични, цевчести очи насочени нанапред, благодарение на што може да го регистрира и најслабиот траг од светлина во темните океански длабочини. Научниците откриле и две досега непознати хидротермални полиња кои изобилуваат со живот. Во една од нив откриле 23 хидротермални извори, вклучувајќи 13 активни, таканаречени „црни оџаци“, од кои избиваат прегреани течности со температура до 280 °C. Околу нив, изненадувачки, се наоѓаат морски ежови, ракови и илјадници слепи ракчиња на кои не им е потребен ниту еден зрак сончева светлина за да преживеат. „Ова откритие покажува зошто истражувањето е сè уште толку важно. Дури и денес постојат места каде што првиот детален поглед открива нешто сосема ново“, изјави водачот на експедицијата, д-р Арон Микалеф од Институтот за истражување при Аквариумот во Монтереј Беј во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредвремени избори повторно во фокусот на партиитеПремиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предвремени парламетарни избори не треба да има, но повторно ја остави можноста за нивно одржување доколку такво барање дојде од опозицијата. Иако, според него, граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, сепак Мицкоски е дециден дека нема да бега од изборно соочување. - Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада 4 години, но она коешто јас го кажав, ќе го потврдам: доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победиме, кажа Мицкоски. Но, опозицијата нема единствен став за прашњето. Од ДУИ преку соопштение го прифатија предизвикот да се оди на избори и бараат деновиве да се договори најбрз датум. „ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието. Да се определи датумот. Да одиме на избори“, повикаа од партијата на Ахмети. За разлика од нив, лидерот на СДСМ Венко Филипче повтори дека тие нема да бидат алиби за избори на Мицкоски. Иако вели дека СДСМ се подготвени за изборно соочување во секое време, повтори дека премиерот е тој што може да ги распише кога и да посака. -Избори ќе закаже премиерот којшто има двотретинско мнозинство, апсолутна власт на секое ниво, Претседателката, извршната власт, во Собранието двотретинско мнозинство, мнозинство во општините, може да си направи избори кога сака. Ние нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Ништо друго не ги интересира. Ние сме секако спремни, се подготвуваме секојдневно, ако ме прашувате дали сме спремни, но алиби не даваме, изјави Филипче. Филипче не гледа потреба да се одржи ниту лидерска средба со оглед на искуството од последната, на која тој не присуствуваше, кога беше договорено укинување на техничката влада. За изборниот законик кој останува блокиран од опозицијата, Филипче вели СДСМ ќе го поддржи законското решение само доколку ги содржи препораките од ОБСЕ/ОДИХР... За нив останува најспорен моделот за гласањето на дијаспората што го нуди власта - електронски или преку пошта, за кој сметаат дека е вовед во, како што вели, изборен грабеж. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВодата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степениВодата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години. Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter