СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
1СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
ЗдравјеНаучници открија колку микропластика годишно се внесува во телото: Внимание – делува врз плодноста!Во светот сè повеќе луѓе се соочуваат со проблеми со плодноста, научниците повикуваат на итни и дополнителни истражувања, и на поголема свест за секојдневното изложување на честичките од пластика. Едно ново истражување кое го привлече вниманието на научната јавност откри присуство на микропластика во човечките репродуктивни органи, вклучувајќи ги јајниците и семената течност. Поради потенцијално сериозните последици врз плодноста и здравјето на идните генерации, стручните лица предупредуваат дека овие честички би можеле да предизвикаат воспалителни процеси и хормонални нарушувања, иако се уште нема конечни докази за нивно долгорочно влијание врз човековата репродукција. Студијата објавена во списанието „Човекова репродукција“ (Human Reproduction) открива дека во 55% од примероците со семена течност била откриена микропластика, а исто така била присутна во 69% од примероците со фоликуларна течност кај жените. Најчесто пронајдена пластика била PTFE, позната како тефлон, а потоа и полистирен, полиестер, најлон и полиуретан. Овие материјали се широко распространети во секојдневните производи, а сега научниците ги поврзуваат со можни ризици врз репродуктивното здравје. Не сме изненадени од присуството на микропластика во организмот, зашто порано беше пронајдена во црниот дроб, бубрезите, па дури и во мозокот. Сепак, нејзиното често присуство во репродуктивниот систем не загрижи – изјави д-р Емилио Гомез Санчез, истражувач кој резултатите ги претстави на конгресот на Европската асоцијација за хумана репродукција и ембриологија (ESHRE). Тој предупредува дека микропластиката, иако има мали димензии, може да предизвика штетни биолошки ефекти, вклучувајќи оштетување на ДНК и хормонални нарушувања. Загрижувачките наоди ги потврди и една паралелна студија на италијански тим, кој пронашол пластика кај 14 жени од вкупно 18 во фолуларната течност на јајниците, а дополнително и во матката и постелката, како и во тестисите кај мажите испитаници. Микропластиката во организмот се внесува најчесто преку воздухот и храната, а според проценките секоја личност неделно внесува околу 5 гр. од овие честички, количина колку една супена лажица. На годишно ниво, тоа се 250 гр., што е еквивалент на полна чинија пластика. Иако сè уште нема причини за паника, стручните лица советуваат да се разгледа намалувањето на секојдневното изложување, на пример, да се користат стаклени садови наместо пластични и да се избегнува пиењето вода од пластични шишиња. Микропластиката можеби не е единствениот фактор кој влијае на падот на плодноста, но би можел да биде значаен дел од сложувалката – предупредува д-р Гомез-Санчез, а за тоа пишува и New York Post. Во светло на сè почестите проблеми со плодноста ширум светот, научниците повикуваат на итни дополнителни истражувања и поголема свест за секојдневното изложување на овие честички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавенаВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби.ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и проекти за развој на општина и за подобар живот на граѓаните. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт во кој ние ја потенциравме силата на единството, соживот и меѓусебната почит, инфраструктурните инвестиции, подобрите услови за живот, додека противниците искористувајќи ја демографската состојба повикуваа на етничко гласање. Нашите опоненти се обединија и сите заеднички наместо натпревар на идеи, изборната трка ја претворија во ринг на поделби по разни основи. ДУИ, СДС, Левица, за жал, и ВРЕДИ како тројански коњ од една страна, а ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Ние сами против сите, и благодарение на довербата која ни ја дадоа имаме значителен раст на бројот на гласовите кои, за жал, не беа доволни за Јованчо Радичевски да биде избран за градоначалник. Од 3.000 гласа во првиот круг стигнавме до 4.200 гласа за ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, додека споредено со парламентарните избори растот на гласови е 1.300. СДС и политичката партија Левица во првиот круг овие предвремени локални избори целосно ги декласиравме, завршија на четврто и петто место, а како последна сламка за да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг се ставија во служба на ДУИ за одвлекување на гласови. Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВРЕДИ ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што се покажа дека исто како и кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ. Но, после овие избори, уште од утре граѓаните и Македонци и Албанци ќе очекуваат проекти и развој, а не национализам, ќе очекуваат резултати, а не демагогија кој од која партија е или на која етничка заедница градоначалникот припаѓа. Затоа, Брвеница нема да биде заборавена, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира, да вложува и да гради за развој на општината и подобри услови за живот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook