ЗдравјеНаучни истражувања: Особини што децата генетски ги наследуваат од родителитеНаучниците сѐ уште не можат да дадат јасен и конечен одговор на прашањето: Што најмногу влијае на карактерот на една личност - дали тоа е околината, воспитувањето или гените? Но, според истражувањата, веќе извесно е дека децата не го наследуваат само изгледот од родителите, туку и многу од нивните особини. Гените имаат важна улога, на пр. кај музички таленти, но и други видови дарба. Одредени аспекти на музикалноста лежат исклучиво во гените и тоа е невозможно да се научи. Меѓу наследните особини кај децата се и фобиите, но и екстровертноста. Причината за наследување на овие особини во голема мера лежи во предците, а не во тоа што родителите го запишале детето на воннаставни активности. Уште повеќе, науката забележува генетска врска и меѓу екстровертноста и нарушувањето на внимание и хиперактивност, пишува порталот „Кликс“. Исто така, некои луѓе веруваат дека смислата за хумор е особина којашто се учи исклучиво во средината каде што личноста расте и живее. Со новите наоди, и тоа е веќе спорно. Подложноста на стрес е уште една одлика што се пренесува од родителите на децата. Тоа значи: Ако мајката, на пр., била изложена на стрес за време на бременоста, можно е и нејзиното дете да биде поподложно на стрес подоцна во животот. И склоноста да се штедат пари, се вели, е особина што едно дете ја наследува од своите родители. Имено, некои луѓе имаат генетски предиспозиции да штедат - без разлика на факторите приходи, пол или образование. Одредени луѓе имаат и помала веројатност да имаат лоши навики како пушењето и се помалку подложни на дијабетес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери Вереницата на најплатениот свтески фудбалер Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез е „уловена“ од папараците на плажа во Мајами. Бујната Георгина Родригез е фатена во одлично беше расположение како ужива на сонцето со група пријатели на плажите во Мајами за време на Светското првенство на кое настапува нејзиниот сакан. Георгина која со Кристијано има големо семејство од пет деца изгледаше шармантно во црн бикини горен дел што го врза околу вратот, додека околу колковите врзала розова марама. Сите забележаа дека бујната Георгина на фотките изгледа природно, бидејќи тие не се обработени за објавување на социјалните мрежи. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини Младата српска пејачка Милица Јокиќ работи напорно и настапува речиси секој ден, а сега реши малку да забави и да си даде одмор.Атрактивната пејачка која во јавноста е позната и како екс снајка на српскиот министер Ивица Дачиќ, отпатува на море за да ги наполни батериите пред напнатата летна сезона, а нејзините фотографии од плажа предизвикаа општа возбуда на мрежите. Убавата Милица ги воодушеви фановите со фотки на кои блеска во секси бикини. Долго време, Милица беше во емотивна врска со синот на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Милица започна врска со Лука во 2020 година, и иако на почетокот ги криеја своите емоции од јавноста, подоцна се појавуваа заедно на настани и се поддржуваа еден со друг. Милица постојано нагласуваше дека Лука е голема поддршка за неа, додека редовно присуствуваше на нејзините настапи и важни настани во нејзината кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Економијата под Мицкоски е во слободен падЕкономијата под Мицкоски е во слободен пад: Странските инвестиции паднаа за 61%, потрошувачката кошничка поскапе за 10.000 денари, а индустријата тоне.Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“. Фактите се непобитни: * Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% - од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот. * Индустриското производство во првите пет месеци од 2026 година е намалено за 0,3%, а во мај падот изнесува 2%. Преработувачката индустрија, производството на електрична опрема, машини и моторни возила се во слободен пад. * Потрошувачката кошничка континуирано поскапува. За две години кошничката поскапе за 10.000 денари, додека нема пари за зголемување на минималната плата. Цените отидоа до плафон бидејќи Владата не сакаше да воведе мерки по почетокот на кризата и со тоа да го запре забрзаниот раст на цените на горивата. * Инфлацијата останува висока, особено на храната и енергијата, додека реалниот стандард на граѓаните се топи. Наместо инвестиции, нови фабрики и подобар животен стандард, добиваме само нови долгови, празен буџет и криминални тендери кои се единственото што функционира под оваа Влада. Мицкоски може да продолжи да се фали со измислена „трета економија во Европа“. Реалноста е дека Македонија под негово раководство бележи историски пад на странски инвестиции, индустриско производство во минус и граѓани кои секој месец се сиромашни за илјадници денари. Ова не е економски раст туку економско уништување од организирана криминална група која ја претвори државата во приватен бизнис. Мицкоски дојде на власт со лаги, сега владее со лаги. СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54