Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураНаучен труд за неолитскиот локалитет Влахо објавен во археолошкото списание „Antiquity“ Научен труд за неолитскиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија на Центарот за истражување на предисторијата е објавен во престижното археолошко списание „Antiquity“ кое го издава Универзитетот во Кембриџ. Во едицијата „Project Galery“ на ова списание се сумирани последните сознанија за оваа неолитска населба која, според стручните лица, е мошне значајна за македонската и за европската археологија. -Во трудот е истакнато присуството на десетина ровови, евидентирани на локалитетот Влахо преку неговото геофизичко скенирање. Резултатите од ова истражување посочуваат на дури тринаесет полукружни концентрични ровови што во моментов претставува единствена ваква појава во предисториска Европа. Во просторот што го опфаќаат овие ровови присутни се уште два паралелни рова што формираат правоаголна целина во која се присутни остатоци од повеќе неолитски градби. Надвор од овој мошне интересен комплекс, геофизичкото скенирање потврди уште два рова кои се формирани независно, а за кои во моментов не се знае дали се истовремени или, пак, направени подоцна, соопшти Центарот за истражување на предисторијата. Она што е фасцинатно за овој локалитет, наглсува Центарот, е фактот дека тој е датиран во 64 век пред новата ера, што воедно го прави и еден од најстарите неолитски локалитети во Европа. -Во таа смисла, доколку овие десетина полукружни ровови се изработени во раниот неолит, што е сугерирано од добиените дати и материјалната култура, тогаш тоа го прави овој локалитет исклучително важен поради неговата специфична просторна организација која не е вообичаена за Балканот, но и пошироко, наведува Центарот. Издвањето на овој научен труд во реномираното списание Antiquity, според Центарот за истражување на предисторијата, ќе му даде многу поголемо и светско афирмирање на локалитетот Влахо кај Живојно и на неговите хронолошки, просторни и културни обележја. Со самото тоа што трудот е рецензиран од врвни светски стручњаци, се додава во соопштението, ја потврдува веродостојноста на изложените резултати и овозможува нивно темелно вклучување во студиите на бројни истражувачи. На тој начин се истакнува и значењето на оваа мошне специфична неолитска населба и потребата за нејзино долгорочно проучување и заштита. Центарот укажува дека локалитетот што е предмет на нивниот научен труд - Влахо кај Живојно во Пелагонија, во моментов е соочен со сериозно оштетување поради ископувањето јаглен во негова близина, но и во рамки на периферијата на неолитската населба. -Несовесното однесување кон овој локалитет предизвикува оштетување на неговите периферни делови и особено на рововите кои претставуваат негово уникатно обележје. Поради тоа неопходна е итна заштита на ова наоѓалиште и многу погласно апелирање за негово целосно зачувување. Во таа смисла, публикувањето на најновите сознанија за овој уникатен локалитет во угледното списание Antiquity ќе придонесе Влахо да биде препознаен на меѓународно ниво и да му се овозможи соодветен научен третман и заштита. Освен истакнати светски научници од кои дел се вклучени во истражувањето на Влахо, за неговата вредност и специфичност стануваат свесни и меѓународни организации кои ќе иницираат негова целосна заштита, соопшти Центарот за истражување на предисторијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс. Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат. 🔴 Un collégien à tiré sur une professeure et le principal à Aubagne (Bouches-du-Rhône). Les deux victimes ont été hospitalisées. Leurs jours ne sont pas en danger. L'élève est ce soir en garde à vue. Une enquête pour "tentatives d'assassinat" est ouverte. #JT20h https://t.co/fx7j0TPLiy — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) October 12, 2026 Истрагата е префрлена во Париз Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот. FRENCH ANTI-TERROR PROSECUTOR SAYS TAKING OVER INVESTIGATION INTO SOUTHERN FRANCE SCHOOL SHOOTING — CGTN Europe (@CGTNEurope) October 13, 2026 Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“. Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.Тагови: тероризам ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор, но без пасошПоранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост. „Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“ За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter