АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
КултураНаучен труд за бегалскиот аспект на Граѓанската војна во Грција 1946-1949„Бегалскиот аспект на Граѓанската војна во Грција 1946-1949“ е најновиот научен труд на професорот Новица Велјановски, познат проучувач на историските и правно-историските прашања од нашето историско минато.Како што нагласува авторот, бегалскиот проблем на Граѓанската војна во Грција е помалку проучуван отколку самата Граѓанска војна. Неговиот мотив е токму во тој недостиг на проучувањата, но и во самиот факт што во последно време станале достапни дипломатските документи кои во историската наука се сметаат како првостепен историски извор. Освен тоа, и актуелната бегалска криза во Европа последниве години, која не ја одмина и Република Македонија, го поттикнала да направи паралела со настаните кои се случуваа во Македонија и на Балканот пред седумдесет години. Тогаш бегалскиот проблем кој најмногу го почувствувала НР Македонија не само што бил политички проблем предизвикан од суровоста на Граѓанската војна туку и длабоко хуманитарен и правен проблем кој стасал и до Обединетите нации. Монографијата главно содржи два дела. Првиот дел ја содржи научната анализа на авторот за балканските состојби за време на Граѓанската војна 1946-1949 година и вмешаноста на големите сили. Притоа ги анализира состојбите во тогашната ФНР Југославија и НР Бугарија кои беа обвинувани за вмешаност во војната, како и Албанија, која не е обвинувана за вмешаност, но за која се смета дека не била сосема дистанцирана. Зборува и за судирот на грчките леви и десни сили кои доведоа до таа војна, како и за промените што настанаа во односите меѓу комунистичките земји со појавата на Резолуцијата на Информбирото и со промената на односот на Сталин и СССР спрема Тито и Југославија. Во вториот дел се говори за бегалскиот проблем како политички, хуманитарен и правен проблем елабориран и пред Обединетите нации. Овде недвосмислено се констатира дека грчкото раководство, штитено најнапред од Велика Британија, а подоцна од САД кои на Средоземното Море имаа свои интереси, од овој хуманитарен проблем направи политички проблем. Имено, одлуката да се извлечат децата во реоните зафатени со војната беше замислена како хуманитарна одлука со цел да се спасат што повеќе деца. Но бидејќи таа беше донесена од привремената, „лева” Влада на Грција на Маркос и Захаријадис, грчката „десна” Влада, со цел да ја придобие меѓународната јавност, не ја прифаќала, па смислила изговор за овој хуман чин дека тоа било „киднапирање” на грчките деца. Таа сметале дека „киднапираните” деца нема да се вратат во Грција или и, доколку се вратат, тие ќе бидат „превоспитани” или „инфицирани” со комунистички идеи. Затоа упорно работела на тоа проблемот да се најде пред Обединетите нации. За таа цел била формирана специјална Балканската комисија која исто така истапува во одбрана на грчките владини ставови, па во 1948 и 1949 година биле донесени двете резолуции со тешки обвинувања против ФНР Југославија, а во одбрана на грчките ставови. Недовербата меѓу двете земји пораснала дотаму што грчката јавност и самите родители учесници во војната биле убедувани дека тоа е „киднапирање” на грчките деца и дека целта на акцијата за спасување на децата не е хуманитарна. Инаку, и во прикажувањето на бројот на бегалците, односно и на бројот на децата има големи разлики. Грците покажуваат помал број со цел да докажат дека тоа не било потребно, дека тоа се деца само од грчка националност, а југословенската страна со објавуваните бројки сака да ја покаже суровоста на војната, да покаже дека вложува средства за нивното обезбедување и дека се тоа деца на родители од словенско потекло. Тешки проблеми се јавувале при враќањето на децата во Грција, но и при нивното испраќање во земјите од социјалистичкиот лагер, кои по Информбирото ги прифатија ставовите на Грција, а Југославија, освен за политички проблеми и предизвикување на Граѓанската војна, била обвинувана и за бегалската криза. Покрај научните констатации, авторот во книгата поместува и педесетина најкарактеристични документи од дипломатска провениенција со цел, како што вели, пообјективно да се следи и да се потврди она што е кажано. Новата книга на Велјановски од печат излезе на почетокот од годинава и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook