Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија
2Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија
3Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни
БалканНаучен тим на Санторини врши проверки за идентификување на областите со висока опасност Научен тим на Санторини врши проверки за идентификување на областите со висока опасност од лизгање на земјиштето.Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Универзитетот во Атина спроведува систематско истражување на релјефот на Санторини, со цел да се идентификуваат областите со зголемен ризик од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од атинскиот Универзитет, научниот тим предводен од претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) професорот Ефтимиос Лекас освен што ја следат сеизмичката активност на островот, спровеле и истражувања за можна опасност од лизгање на земјиштето, а веќе се идентификувани конкретни области. - Многубројните сеизмички потреси што беа регистрирани предизвикаа дестабилизација на падините во повеќе области. Оваа опасност се припишува на силните морфолошки наклони, составот на карпите, како и алтернацијата на материјалите со различна отпорност на ерозија. Исто така, човечките активности дополнително ги оптоваруваат и онака ранливите области, соопштија од атинскиот Универзитет. Додадоа дека она што е важно да се нагласи е дека дестабилизацијата на падините може да доведе до лизгање на земјиштето дури и откако ќе престане сеизмичката активност, а обилните врнежи можат да дејствуваат како катализатор. На грчкиот остров ситуацијата со земјотресите во изминатите денови е значително смирена, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што вчера објави МИА, во интервјуто за „Блумберг“ се осврна и на Санторини, објаснувајќи дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“ и порача дека „Грција е безбедна земја“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоНов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела Утре минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 28 Крушево, 29 Маврови Анови, 32 Претор, 33 Берово, 34 Крива Паланка, Охрид, 35 Прилеп, Битола, 36 Струмица, Виница, Тетово, 37 Штип, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со СрбијаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји. Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите и сличните предизвици со кои се соочуваат земјоделците претставуваат добра основа за поцврсто партнерство. Соработката меѓу двете земји, како што беше нагласено, треба да добие практична димензија преку размена на знаење и технологии, нови деловни врски и подобро поврзување на примарното производство со преработувачката индустрија. Министерот Серафимовски нагласи дека македонското земјоделство влегува во нова развојна фаза во која институционалната поддршка се насочува кон поттикнување на поголемо и поквалитетно производство, модернизација и подобра пазарна позиција на домашните производи. „Нашата задача е земјоделството да произведува повеќе и поквалитетно, да привлече нови инвестиции, да биде подготвено за климатските и пазарните промени и да понуди препознатливи производи со поголема додадена вредност, усогласени со европските стандарди. Регионалната соработка може да ја забрза таа промена и да отвори нови можности за земјоделците и сточарите“, истакна министерот Серафимовски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Драган Гламочиќ, оцени дека двете држави имаат добра основа за натамошно продлабочување на соработката, особено преку размена на искуства во модернизацијата на производството и усогласувањето со европските земјоделски политики. Тој посочи дека редовниот дијалог меѓу министерствата може побрзо да ги трансформира заедничките иницијативи во конкретни проекти. „Со поголема поврзаност меѓу институциите, земјоделците и деловната заедница можеме да создадеме простор за нови инвестиции и посилен регионален пазар“, истакна министерот Гламочиќ, соопшти МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на граничниот премин Табановце. На граничниот премин Табановце, камерите на „Сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странските возачи. На излез од државата, оние кај кои се евидентирани прекршоци се известуваат за казните – пракса што се применува и во Европа, каде и странските возачи одговараат за направените сообраќајни прекршоци. Најпогодени од новиот начин на санкционирање се туристите, пред сè оние од Србија кои се враќаат од годишен одмор. При излез од Македонија, на возачите кај кои системот евидентирал пречекорување на брзината им се врачуваат прекршочни платни налози за прекршоците направени при транзитот низ земјава. Дел од анкетираните возачи велат дека доколку сториле прекршок, немаат проблем да ја платат казната. Но, се жалат дека претходно немале доволно информации каде и на кој начин треба да ја извршат уплатата. Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без разлика дали станува збор за домашни или странски возачи. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за забрзување на процедурите и намалување на задржувањата на Табановце. Податоците на МВР покажуваат дека од 2 февруари до 31 мај 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал над 33 илјади сообраќајни прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички. Во првите месеци од функционирањето на системот биле регистрирани повеќе од 120 илјади сообраќајни прекршоци, од кои дури 95 проценти се однесувале на пречекорување на дозволената брзина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook