Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
КултураНаучен собир: Истражувањата и фактите се во основата на заштитата на културното богатствоНаучните истражувања и фактите мора да се дел од конзервацијата и реставрацијата на културното богатство. Мора да се доистражува и одговорно да се однесуваме спрема културните добра, инаку може неповратно да ги загубиме. Ова меѓу другото го нагласија еминентните научници, учесници на тридневниот научен собир кој почна денеска во Прилеп во организација на Институтот за старословенска култура. Дваесетина еминентни научници денеска говореа на темата „Методологија на научноистражувачката работа користена при истражувањето на културното наследство во нашата држава". Според Александар Василески од Институтот за старословенска култура од Прилеп, мора да се применат начини и методи да се зачува ликовното и фрескоживописното наследство зашто долго време е подложно на уништување, на кражби и несоодветен третман. – Научноистражувачката работа е интегрален дел на она што подоцна треба да биде заштита, односно во онаа првична фаза, барем во документирање, потоа во интерпретација и во валоризирање на сите уметнички предмети што ги имаме, како и фрескоцелините. Станува збор за голем фонд на уметнички предмети и стотици и илјадници метри квадратни фрескоживопис кои мора да бидат соодветно третирани, рече Василески. Весна Петроска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков"-Скопје смета дека итно е потребна дигитализација на аудиофондот на снимки, касети и плочи за нематеријалното богатство. – Мора да се дигитализира големиот фонд на аудиоматеријал, снимки од магнетофони, од касети и плочи кои со текот на времето нормално се оштетуваат и се бришат. Може да дојдеме во ситуација да ги загубиме, рече Петроска. Професорот Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески" истакна дека сето она што сме го почнале треба само да го доуточниме и нам ни треба понатамошна разработка на сите тие ракописи. Потребни се институти во повеќе градови за проучување на локалната писменост. – Во сите наши градови, Охрид, Струмица, Куманово, Штип мора да се отворат институти за проучување на регионалните писмености кои дале свој влог во историјата на македонскиот јазик и во комплетирањето на завршната слика на кодификацијата на македонскиот јазик, изјави Пандев. Посебна приказна е културниот и археолошки комплекс Трескавец кој сѐ уште е недооткриена приказна. Отец Калист, единсвениот жител на Манастирот, смета дека многу значи соработката помеѓу Црквата и науката. – Недооткриена е приказната за Трескавец. И за античката населба Колобаиса, и за „златното јаболко", и за ранохристијанскиот период. Се надевам дека соработката помеѓу Црквата и науката ќе може наскоро да ја комплетира приказната наречена Трескавец, рече отец Калист. Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура, посочи дека целта на научниот собир е да се покаже дека приодот кон културното наследство треба да биде со факти и научни сознанија, а не со патетична интерпретација на минатото. – Свесни сме дека постои тоа, но, од друга страна, очекуваме стручно-научната јавност, општествената стварност да ги испочитува нашите, рационални, сериозни, методолошки сознанија, рече Ристески. Научниот собир утре продолжува на темата „Сеопфатна заштита на материјалното, културно наследство засновано врз мултидисциплинарни научни сознанија", а в сабота ќе се одржи работилница на манастирот Трескавец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локацииКако што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена. Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објектиЕнергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси. Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата. На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година. Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови. Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook