ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат
2ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
КултураНаучен симпозиум за филмот „Златна Петорка“Во Струмица се одржува симпозиум на тема „Наративните и естетските вредности во филмот Златна петорка“.На овој научен собир со реферати ќе настапат повеќемина реномирани професори, интелектуалци, уметници и академски личности. Повод за одржување на симпозиумот е сумирањето на досегашните меѓународни успеси, позитивни критички одгласи и квалитети на овој македонски филмски проект кој продолжува со пласманот и дистрибуцијата. Филмот „Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, досега го виделе над 70.000 гледачи дома и во странство, а беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017) во Македонија. Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено 10 награди. Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и други. Продуцент е Дејан Милошевски („Револушн“ - Скопје). Настанот е во самостојна организација на продукцијата на филмот. Наскоро дел од оваа филмска екипа започнува подготовки на нов филм кој е во развојна фаза и за кој веќе има заинтересирани странски партнери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругатаПедесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5... Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд. Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба... Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка... Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапатВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано. Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ЗдравјеПоследиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците Со години се зборува за опасностите од употребата на канабис кај адолесцентите, чии мозоци сè уште се развиваат. Сепак, една нова меѓународна студија ја доведува во прашање претпоставката дека ризиците за ментално здравје значително се намалуваат по влегувањето во зрелоста, објави Science Daily. Научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија анализирале 149 студии во кои учествувале повеќе од 71.000 учесници. Резултатите, објавени во научното списание „Биолошка психијатрија“, укажуваат на поврзаност помеѓу употребата на канабис и порана појава на психоза. По триесетгодишна возраст, разликата е повеќе од шест години Кај луѓето кои користеле канабис, првата епизода на психоза се случила во просек две и пол години порано отколку кај оние кои не го консумирале. Сепак, резултатите значително се разликувале меѓу анализираните возрасни групи: • Од 20 до 24 години - 1,6 години порано. • Од 25 до 29 години - 4,43 години порано. • Од 30 години и повеќе - 6,3 години порано. Возрасните категории се однесуваат на просечното време на појава на психоза во анализираните студии. Дали ефектите се акумулираат во текот на целиот живот? Психијатарот и раководител на студијата, професорот Метју Ларџ, верува дека овој модел би можел да укаже на кумулативните ефекти од долготрајната употреба на канабис. Сепак, анализата на опсервациските студии не докажува директна причинско-последична врска. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат механизмите зад оваа врска. Како да се препознаат симптомите на психоза? Психозата вклучува нарушување во перцепцијата на реалноста. Може да се манифестира преку халуцинации, заблудни верувања, неорганизирано размислување и промени во однесувањето. Не е исклучиво симптом на шизофренија, туку може да се појави и во рамките на други ментални нарушувања. Доколку се појават вакви симптоми, важно е што поскоро да се побара стручна медицинска помош. Научниците повикуваат на посериозни предупредувања до јавноста Авторите на студијата веруваат дека предупредувањата за потенцијалните последици од употребата на канабис не треба да бидат насочени исклучиво кон адолесцентите. Фактот дека супстанцијата е од растително потекло или има специфична медицинска употреба не значи дека е без ризици за менталното здравје.Тагови: канабис научниците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter