Научен симпозиум во Крушево: Не случајно Првото заседание на АСНОМ е одржано на денот на Илинденското востание - Канал 5

Научен симпозиум во Крушево: Не случајно Првото заседание на АСНОМ е одржано на денот на Илинденското востание

Неспорни се и бројни се фактите и аргументите за континуитетот на двата Илиндена, констатираа историчарите на научната трибина што синоќа се одржа во Крушево во рамките на националната установа „10 Дена Крушевска Република“.

Научен симпозиум во Крушево: Не случајно Првото заседание на АСНОМ е одржано на денот на Илинденското востание

-Постојат бројни, индивидуални примери на активни учесници кои успеале да ги доживеат, или да бидат современици на двата Илиндена. Тоа, можеби, е посебен предизвик за нашата историографија која треба да ги обработи како тема и како проблематика, бидејќи секој еден учесник е приказна за себе, која дава ексклузивни докази за континуитетот и посебноста на двата Илиндена дека припаѓаат на македонскиот народ како одделна, засебна, етнолошка, културолошка, политичка, единица, целина, кој успеал да организира своја држава на овие простори. Ако се разгледуваат случаите меѓу двете светски војни, периодот на НОБ, па и периодот потоа, навистина се бројни и ексклузивни, вели д-р Зоран Богески, историчар, виш кустос во историски музеј „Крушево“.

Според професор д-р Александар Симоновски, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје, целта е да се објасни Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ од научен аспект: како тоа што започна во 1903 година беше предизвик за Народно-ослободителното движење во текот на Втората светска војна.

-Сите тие мотиви што ги црпеше Комунистичката партија на Македонија од првиот Илинден се надоврзаа со првото заседание на АСНОМ, фактички, со борбата против окупаторот и круната беше – создавањето на македонската држава. И, не случајно, првото заседание на АСНОМ беше одржано на 2 август 1944-та година, бидејќи таа врска, нитка и традициите од 1903-та година беа испочитувани, како борба за создавање на македонска држава, вели Симоновски.

Но, потребни се и поголема едуцираност на населението и акцент во проучувањето, но и претставувањето и на меѓународен план, зашто некој сака да ја негира македонската посебност.

-Системот и институциите треба да стават посебен акцент во проучувањето, докажувањето, документирањето, обработката, критичкиот пристап на овие настани и примери во нивното презентирање не само пред нашиот народ кој, за жал, историски не е добро образован, но и пред меѓународниот фактор. Бидејќи, очигледно, од настапите од соседните држави, кај нив постои насушна потреба овој посебен момент да биде негиран за да се добие легитимитет на нивниот наратив за да се негира македонската посебност, смета историчарот Зоран Богески.

Линина Жила од Институт за национална историја од Скопје потенцира дека Македонија мора да направи база на податоци, како во балканските земји, која ќе ги зачува личностите со посебен придонес за македонската историја. Имало барања и од Институтот за национална историја и од Државниот архив, но не дошло до разбирање за важноста за дигиталното зачувување и достапноста до податоците на секого.

-На пример, ни треба база на податоци на учесници во Илинденското востание. Има материјали за таква база, но таа не постои. Како проект некое време беше понуден до Министерството за култура, но пред две-три години беше одбиен. Ние прославуваме, кажуваме колку за нас е важна историската меморија, но, од друга страна, речиси ништо не се прави во таа насока, вели Линина Жила.

Базата на податоци, нагласува таа, е основа за заживувањето на меморијата на семејствата од Македонија. Секое име во историјата треба да биде зачувано. Секој човек ја остава својата трага, а така и македонската историја ќе остане и ќе остави трага.

-Базата на податоци, за македонската историја ќе значи создавање на врска меѓу генерациите, а тоа е основа, бидејќи, ќе се памети дека тие што заминале имаат потекло од Македонија и Македонија ќе остане жива, заклучува Линина Жила од Институтот за национална историја од Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер