Натпреварувачка со оштетен вид го доби престижниот и редок „Златен гонг“ во „Америка има талент - Канал 5

Натпреварувачка со оштетен вид го доби престижниот и редок „Златен гонг“ во „Америка има талент

 Путри Аријани, натпреварувачка со оштетен вид во музичката емисија „Америка има талент“ со својот настап ги воодушеви судиите. На крајот, таа се пласираше директно во финалето.

Натпреварувачка со оштетен вид го доби престижниот и редок „Златен гонг“ во „Америка има талент

Девојката се претстави со авторска песна, свирејќи на клавир. Членот на жирито, Сајмон Кауел потоа побара од натпреварувачката да изведе уште една песна. Таа ја избра „Sorry Seems To Be The Hardest“ од Елтон Џон, па токму од Сајмон, кого многумина го сметаат за најстрогиот музички критичар воопшто, таа го доби престижниот и редок „Златен гонг“ за огромна предност во натамошното натпреварување.

- Мислам дека сите го мислиме истото. Имаш 17 години, пишуваш песни, имаш неверојатен, јасен глас. Блескаш!, рече кусо Кауел.

Неговата колешка критичарка, Софија Вергара се надоврза дека сите присутни „полуделе“ по идната ѕвезда.

Индонезијката претходно учествуваше и во емисијата „Индонезија има талент“, во којашто и победи. Но, тогаш имала само осум години. Ова е прва посета на Путри на САД. Таа е слепа од бебе, но и покрај сите предизвици во животот, таа научила да свири пијано, гитара и флејта, а компонира и свои песни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опасен крлеж од Азија ги десеткува пчелните семјества, какви мерки за заштита се неопходни?

Нова закана за пчеларството.Од Азија кон Европа забрзано се шири нов крлеж кој може да ги десеткува пчелните семејства и да нѐ остави без мед. 

Опасен крлеж од Азија ги десеткува пчелните семјества, какви мерки за заштита се неопходни?

Новиот крлеж кој се шири од азија полека тропа на вратите на Европа. Последната вест која ги загрижи пчаларите од Балканот е дека во Турција и официјално е регистрирана појавата на новиот крлеж Тропилелпас.

-Како резултат на работата што ја вршев во изминатите две години – особено додека следев одредени сомнителни случаи за време на теренската работа го идентификував присуството на Тропилепс.. Tоа е болест што подлежи на задолжително пријавување. Затоа, веднаш ги известив владините претставници. Претставниците на министерството за земјдолство заедно со ветеринари извршија инспекции и го потврдија мојот наод на 31 август. Во моментов е откриен во регионот Артвин а ќе се спроведат и посеопфатни истражувања дали го има во другите региони во Турција.

На конференција во Охрид се собраа сите европски научници и сите претседатели и претставници на пчалрските сојузи од Балканот за да разменат искуства и информации за новата закана за пчеларството која може за само два месеци да униште цело пчелно семејство, да го намали драстично бројот на пчели и да не остави без мед ако не се преземаат мерки со време да се адаптираат и едуцираат пчеларите како овој сите паразит да го држат под контрола.

-Паниката никогаш не донела ништо добро. Мораме добро да го запознаеме непријателот на пчелите за да се бориме со него. Загрижувачка е состојбата бидејќи веќе доста блиску дојден овој крлеж а турските пчелари со селидбеното пчеларње може уште повеќе да го рашират. Дури и да се преземат ситемерки неможе да се запре ширењето на овој проблем кој е само прашање на време кога ќе пристигне и ќе направи дополнителни пробелми за пчеларите кои и онака заради климатксите промени и фалсификуваниот мед полека се откажуваат од пчеларството.

Проблемот со новиот крлеж според пчеларите не само што е закана за производството на мед туку уште поголеми се штетите во земјдоелството ако ги снаме пчелите во опрашувањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?

Дали новата стратегија за проширување на Европската Унија отвора нови видици за Западниот Балкан и Македонија? 

Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?

Дали новата стратегија на ЕУ за проширување ќе го забрза полноправното членство на земјите кандидатки или ќе стане попатна замена за трајната дестинација? Дел од аналитичарите во однос на позицијата на Македонија со резерва гледаат на документот кој го подготвува Брисел за постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции во зависност од напредокот во реформите. Според Петар Арсовски, понудата од Брисел е логична, особено во време кога повеќе земји кандидати не гледаат перспектива во членството, но за државава, вели, останува главниот предизвик со уствните измени.

- Проблемот е дали оваа понуда ќе стане замена за трајната дестинација. Постои ризик особено имајќи го предвид референдумот во Исланд кој покажа дека постои еден неизвесен златен појас – доволно блиску, а доволно далеку до ЕУ. И постои ризик за многу од земјите кандидати имајќи ги предвид политичките недоследности во ЕУ тоа да стане некакво трајно решение. Тоа за Исланд е во ред, но за Македонија не е, бидејќи нас ни е потребна трансформативната сила на преговорите. Што се однесува до политичката понуда, било која интеграција, забрзана, постепена, итн, важи за земјите кои се во процесот на преговори. Ние не сме во процесот на преговори. Ние би можеле да се надеваме на таква забрзана понуда кога би ги решиле домашните политички проблеми, би ги ставиле Бугарите во Уставот и со тоа би ги откочиле преговорите. Тоа не значи дека нашите предизвици ќе застанат. Но, имаме шанса да се качиме на тој воз до крајот на деценијата, смета Арсовски.

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во вчерашното гостување на Канал 5 оцени дека Македонија треба да прифати бенефиции од ЕУ доколку и се понудат, но прво смета дека треба да се види што точно ќе предложи Брисел за процесот на проширување.

-Процесот на европското проширување претрпе еден сериозен удар со референдумот во Исланд. Делуваше на прв поглед дека ѕвездите се наместени Исланд да го продолжи својот пат кон ЕУ, меѓутоа тоа не се случи. Доколку се стави на маса влез во единствениот пазар, членство во Шенген, Македонија тоа треба да го прифати, тука нема никакви дилеми. Да видиме дали тоа ќе биде предлогот. Затоа што, на пример, имавме цела серија на предлози во минатото, каде што се нудеа мед и млеко. На крај ништо не испадна, изјави Боцевски.

Еврокомесарката Марта Кос вчера од Даблин дека оваа есен ќе биде историска за проширувањето на Унијата, а ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топлото време продолжува и следната недела

Топлото време и високите температури, според прогнозата на УХМР, ќе се задржат и во наредните денови. 

УХМР: Топлото време продолжува и следната недела

Температурите и идната недела ќе останат без позначителни промени со дневни максимални вредности до 37 степени.

Утре долж Повардарието се очекува засилен ветер, а во текот на следната недела времето ќе биде сончево и топло, со слаба и умерена облачност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер