Натпреварот меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда бил наместен за 5 милиони евра, клубовите демантираат - Канал 5

Натпреварот меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда бил наместен за 5 милиони евра, клубовите демантираат

Францускиот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда наводно бил наместен.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда бил наместен за 5 милиони евра, клубовите демантираат

Белградскиот клуб претрпе болен пораз од 6:1, а според францускиот весник, функционер на Црвена звезда се обидел да уплати пет милиони евра токму на пораз од ПСЖ.

По написот во францускиот весник се огласија и фудбалските клубови прозвани во случајот и ги отфрлија гласините.

- Во ниеден момент никој од нашите функционери не разговараше со луѓето од Црвена ѕвезда за што било друго освен за вообичаените работи поврзани со организацијата на натпреварот. Во оваа прилика сакаме да нагласиме дека ПСЖ останува на својата посветеност на основните принципи на спортот и на интегритетот на натпреварувањето и го отфрламе секое делување кое може да го доведе во прашање сето тоа, стои во соопштението од ПСЖ.

Со реакција се јави и Црвена ѕвезда која ги отфрли пишувањата на францускиот медиум.

- Ова може да му нанесе голема штета на угледот и на реномето на нашиот клуб и затоа Црвена ѕвезда инсистира и кај УЕФА и кај надлежните истражни органи во Србија и Франција да ги истражат сите сомнежи до самиот крај и да се дојде до вистината. Денешната технологија и разните други механизми се до тој степен развиени што овој случај е невозможно да остане неразјаснет. Црвена ѕвезда очекува да се реши целиот случај во што е можно пократок рок и да се тргнат сите сомнежи за вмешаноста на било кој член на нашиот клуб во евентуални нечесни зделки, пишува во соопштението белградскиот клуб.

Од „Л’Екип“ наведуваат дека за целиот случај е известен и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, и неговите блиски соработници./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер