3Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
МакедонијаНАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територијаМакедонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети.Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова. На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО.“ Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина. Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика. „Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го поздравија придонесот која нашата земја го прави во поглед на колективната безбедност. Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети. Дополнително од страна на министерот Мисајловски било нагласено дека земјава останува да биде одговорен и посветен сојузник кој активно придонесува кон колективната безбедност.Тагови: Анкара НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРечиси 188.000 компании се затворија во Германија минатата година, најмногу од 2007 година187.744 компании се затворија во Германија минатата година, најмногу за речиси 20 години, според заедничката годишна анализа на кредитната агенција „Creditreform “ и Центарот за европски економски истражувања Лајбниц (ZEW), објавена во вторник.Бројот на затворени компании беше речиси десет проценти поголем од претходната година, а последен пат кога беа затворени повеќе беше во 2007 година, кога беа затворени речиси 208.000. Ова означува втора година по ред на раст на бројот на затворања. „Кризата сега се шири низ речиси целата економија“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, раководител на економски истражувања во „Creditreform“, истакнувајќи дека, за разлика од претходните години, дури и компаниите што всушност беа здрави сега се затвораат. Угостителството и туризмот се најпогодени Бројот на затворени бизниси се зголеми во текот на годината во речиси сите сектори, со најголем број затворања во секторите угостителство и туризам. Во 2025 година, околу 15.000 ресторани и сместувачки капацитети се затворија, 15 проценти повеќе од претходната година. Здравството бележи долгорочен негативен тренд Негативниот тренд во здравството, кој трае околу десет години, исто така продолжи. Бројот на затворени бизниси во овој сектор достигна речиси 11.000, приближно двојно повеќе од 2008 година. Речиси 5.500 лекарски ординации се затворија минатата година, 23 проценти повеќе отколку во 2024 година, најчесто затоа што лекарите се пензионирале и не можеле да најдат некој да ги преземе нивните ординации. Пад е забележан и во индустријата Околу 11.000 компании во индустријата се затворија, или 10 проценти повеќе од претходната година. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВо јули регистрирани 11 нови ХИВ/СИДА случаи, девет се кај мажиВо Македонија во текот на јули се регистрирани 11 нови случаи во категоријата ХИВ/СИДА, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје. Девет од новорегистрираните лица се мажи, а две се жени. Сите случаи се кај лица на возраст од 20 до 49 години. Официјалните податоци на ИЈЗ покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2026 година, во Македонија од почетокот на евиденцијата во 1987 година биле регистрирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 508 живеат со ХИВ, 141 лице починало, а 116 се водат како изгубени за следење, главно поради иселување. Важно е да се направи разлика меѓу ХИВ и СИДА. ИЈЗ во билтенот ги објавува новите пријави во заедничката категорија „ХИВ/СИДА“, но тоа не значи дека сите новодијагностицирани лица имаат Сида. ХИВ е вирусот кој го напаѓа имунолошкиот систем, додека сида е најнапредната фаза на нелекуваната ХИВ инфекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп одбива продолжување на меморандумот за примирје со ИранАмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман, кој важи за близок сојузник на САД. Ако како што рече, се испречи на патот на американските разговори со Иран.Неговото предупредување следи откако Оман почна паралелни преговари со Техеран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, кој е од витално значење за глобалната економија. Иранските власти изјавија дека се блиску до финализирање на договорот со оман што дополнително ги покрена тензиите во Вашингтон во услови кога неговите разговори со иран подолго време се во ќорсокак. Откако вчера истече важноста на меморандумот за разбирање од 60 дена до кога двете страни требаа да постигнат мировно решение, Трамп рече дека не размислува за негово продолжување..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook