НАТО почна да планира мисија „Арктичка стража“ поради напнатоста околу Гренланд - Канал 5

НАТО почна да планира мисија „Арктичка стража“ поради напнатоста околу Гренланд

НАТО започна со воено планирање за мисијата Арктичка гарда, изјави денес портпаролот на воената команда на алијансата (SHAPE), во услови на тензии меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд.

НАТО почна да планира мисија „Арктичка стража“ поради напнатоста околу Гренланд

Повторните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да го преземе Гренланд, заедно со обвинувањата дека европските сојузници не успеале соодветно да го обезбедат тој голем арктички остров од Русија или Кина, предизвикаа спор со Копенхаген околу таа данска прекуокеанска територија и ги поттикнаа тензиите во рамките на НАТО.

НАТО го потврди планирањето на мисијата Арктичка гарда

„Планирањето на активностите на НАТО за мисијата за зголемена будност Арктичка гарда е во тек“, изјави полковник Мартин О'Донел, портпарол на Високата команда на сојузничките сили во Европа, потврдувајќи го извештајот на германското списание Шпигел. Тој одби да даде детали бидејќи планирањето штотуку започна.

По средбата со Трамп во Давос во јануари, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека разговарале за тоа како сојузниците на НАТО би можеле да работат заедно за да ја обезбедат безбедноста на Арктикот, што ги вклучува не само Гренланд, туку и седумте земји-членки на НАТО кои имаат територија на Арктикот.

Засега не е јасно дали министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за оваа тема на состанокот на 12 февруари во Брисел.

Според правилата на НАТО, Врховниот командант на сојузничките сили за Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, има овластување да планира и спроведува „активности со зголемена будност“ без да бара едногласно одобрение од сојузниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер