БалканНАТО по посетата на Руге: Повторена цврстата посветеност на трајната безбедност на З.БалканПомошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Борис Руге за време на посетата на Западен Балкан истакна дека регионот е од „стратешко значење за Алијансата“ .Помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Борис Руге за време на посетата на Западен Балкан истакна дека регионот е од „стратешко значење за Алијансата“ и ја повтори „цврстата посветеност на сојузниците на НАТО за постојана безбедност“, соопшти Северноатлантската алијанса. Руге од 16 до 22 август имаше консултации на високо ниво во Сараево, во Приштина и во Белград. - Тој укажа на продолжената долгорочна соработка помеѓу НАТО, Европска Унија и другите меѓународни организации за зајакнување на регионалната стабилност, се наведува во соопштението на НАТО. Руге во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и претставници на меѓународната заедница. - Имавме добра размена за различните аспекти на партнерството НАТО – Србија, кое се надеваме дека ќе го продлабочиме, и за напорите на Алијансата низ целиот регион. Очекуваме Србија да помогне да се обезбеди целосна одговорност за насилните дејствија извршени на Косово во мај и септември 2023 година и да одигра позитивна улога врз основа на добрососедските односи со сите земји во регионот, истакна Руге. Тој во Приштина се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, и со високи претставници на ЕУ, ОБСЕ, земјите од Квинтата (Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД) и мисијата КФОР предводена од НАТО. Како што се наведува во соопштението, кога станува збор за повторното отворање на мостот на Ибар во Митровица, Руге го наведе ставот на Алијансата дека „одлуките мора да се носат преку дијалог на координиран начин“. Тој исто така нагласи дека НАТО целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ како рамка за решавање на нерешени политички прашања. За време на состаноците со Претседателството на БиХ и други високи функционери, вклучително и министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ и високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, Руге истакна дека НАТО е ангажиран во БиХ веќе три децении. - Ние остануваме цврсто посветени на суверенитетот и територијалниот интегритет и нема да дозволиме да се појави некаков безбедносен вакуум, посочи Руге во Сараево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОгромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Veselinović Cirkus DOO (@vranjecirkus__) Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. - Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?; - Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИталијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha. - Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави. Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша. „Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“ Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“ Но, потоа таа го покажува решението. „Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува: „Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“ А потоа таа демонстрира како изгледа. Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената. Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време. Тагови: астронаутка вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар. Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент. Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците. Heavy rainfall triggered severe flooding in Libya’s capital, Tripoli, submerging cars, trapping people inside buildings and inundating hospitals. Videos show residents pleading for help and a security officer reportedly carrying a man with disabilities to safety. https://t.co/d9MbbNT3CT — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 13, 2026 Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини. France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.Тагови: Либија Триполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook